Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
AНИМА МУНДИ - КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ
calendar2 

Освен тековните активности кои ги спроведува Здружението “Анима Мунди“,  со цел подигнување на свеста во однос на животните и нивните права, едукација,  медиумско и правно застапување на животните, институционално лобирање и влијание на Законската легислатива и помагање на животните на кои им е потребна помош, Во прилог е нашиот календар на активности поврзан со конкретни денови и дати.

 

Ова се Светските денови за заштита на животните,  кои Анима Мунди ги одбележува заедно со стотици Здруженија за заштита на животните, ширум светот. КАКО И ЗА СЕ ОСТАНАТО ШТО ГО ПРАВИМЕ И ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АКТИВНОСТИТЕ ПОВРЗАНИ СО ОВИЕ ДЕНОВИ СТЕ ПОВИКАНИ и ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕНИ ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ. Секое учество и сугестија ни е повеќе од потребно. Ви благодариме.

 

МАРТ

  • 20- Светски ден без месо (информативен штанд во центарот на Скопје , дистрибуција на бесплатни брошури и друг вид инфо материјали во кои би информирале за бенефитот на безмесната исхрана за животните, но и за човекот и неговото здравје и природата.

 

АПРИЛ

  • 04 -Светски ден на бездомните животни (штанд)
  • 24- Светски ден за заштита на лабораториските животни (во корелација со други светски или балкански здруженија за заштита на животни, ќе обраќање до медиуми и информативен штанд во центарот на Скопје за дистрибуција на бесплатни брошури и друг вид инфо материјали преку кои би укажале што се тоа експерименти врз животни. Целта на овој ден е да се информира јавноста за   патењето на милиони мачени и убиени кучиња, мачки, мајмуни, коњи, глувци, заморчиња, риби, стаорци, свињи, зајаци и други во кафези заробени животни и воедно да се посочи на ненаучната и неефикасната страна на ваквата практика - за конечно истата да му припадне на минатото и на мрачниот дел на науката, денес поддржана само од малубројни инертни научници. Најбитно, ќе ги укажеме алтернативите и ќе дистрибуираме  информативни листи на компании чии производи не се тестирани врз животните.

 

 

MAJ

 

ЈУНИ

 

АВГУСТ

  • Ден на напуштените животни (3 сабота/недела од август)

-Информативен штанд зошто е неопходна стрилизација на милениците  ( Бидете дел од решението, не од проблемот; Илјада зошто илјада затоа  -стерилизација спасува животи)

- Акција за вдомување на бездомни животни. Бездомните животни ќе бидат  вакцинирани и затоа ни се потребни финансии.

 

СЕПТЕМВРИ

 

ОКТОМВРИ

  • 1 - Светски ден на вегетаријанство
  • 2 - Светски ден на фармските животни
  • 4- Светски ден за построги закони за заштита на животните
  • 16- Ден за здрава храна

-         Информативен штанд и дегустација на вегетаријанска и веганска храна

-         Петиција за построги закони за заштита на животните

 

НОЕМВРИ

  • 28- Интернационален ден за борба против трговијата со крзно (последниот петок од ноември – Fur Free Friday) (во корелација со други светски или балкански здруженија за заштита на животни, ќе обраќање до медиуми и информативен штанд во центарот на Скопје за дистрибуција на бесплатни брошури и друг вид инфо материјали преку кои би укажале како се добива една крзнена бунда.

 

ДЕКЕМВРИ

  • 01-Светски ден против употреба на природно крзно

 

ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ И ПОМОГНЕТЕ, КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ НА: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 
kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb