Регистрација
lov_i_ribolov_baner
PDF
Печати
Е-пошта
ЛОВ - МАСАКР, А НЕ СПОРТ

Зборот спорт е синоним за натпреварување и ривалитет, а не за убивање од заседа, или прогонување на невини животни. Во овој контекст, зборот лов пред се може да се поистовети со масакр, а самиот чин на лов со варварски и суров начин на "забава".

Само во Македонија неколку видови како мечката, рисот, белоглавиот орел и други, се доведени на самиот раб на истребување, исклучиво по заслуга на ловџиите. Со претераното ловење на животните тие се истребуваат наместо да се заштитуваат, а многу одгледувачници  на животни на ловците им служат само како подготовка за убивање. Со други зборови, животните се одгледуваат во одгледувачниците со цел подоцна да бидат пуштени во природа и така одстрелани.

На Запад е се пораспространета појавата на еко-туризмот, односно "лов" на животните со фотоапарати, а не со пушки. Во еко-туризмот се наоѓа голем потенцијал - нови работни места, голем прилив на пари од странски и домашни туристи, но и можност за запознавање со природата. Заштита на околината и приближување на животните кои повеќе нема да висат на ѕидовите како трофеи туку ќе ги живеат своите животи,  се реалност а не фантазија. Од таа причина, Анима Мунди се залага за промовирање на еко - туризмот наместо варварскиот и нехуман лов на невини животни.

 

РИБОЛОВ И КИТОЛОВ

 

Еден од недоследните општествени ставови спрема животните е дека луѓето некои видови на риби и морски цицачи ги сметаат за миленичиња, а другите како спорт или за конзумација. Годишно за потребите на комерцијалната рибарска индустрија, т.е. за спорт или рекреативно ловење, милиони риби се подлегнати на огромна болка, стрес и умирање во агонија.

 

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО РИБИТЕ?

Како и другите животни, рибите чувствуваат болка и страв.
Dr. Donald Broom, советник за благосостојба на животните во Британската Влада кажува: " Анатомски, физиолошки и биолошки, системот за чувствување болка кај рибите е практично еднаков на истиот тој систем кај птиците и цицачите".
Кога ќе се извлечат од водните длабочини, рибите минуваат низ болна декомпресија - често пати големиот внатрешен притисок го пробива нивниот воздушен меур, им ги исфрла очите од очните дупки,  им го исфрла желудникот низ уста.  Тогаш ги исфрлаат на палуба, каде многу бавно умираат од гушење, или пак од удари, здробени до смрт. Други се сеуште живи додека со нож им се отвара грлото и стомакот.

Запомнете рибите не се зеленчук за да бидат дел од вегетаријанската исхрана.

za_ribi

 

G.A.H.C.

gahc
HsaLogo_HiRes
bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb