Регистрација
zivejte_socustvitelno
PDF
Печати
Е-пошта
СПЕЦИЗАМ

Специзам е недостиг  на придавање иста обзирност и почит на некое свесно суштество, во зависност од припаѓањето на одреден вид, или карактеристики типични за некој вид. Со други зборови, специзам е дискриминација врз база на видот.

Терминот го востанови британски психолог Richard D. Ryder, 1970 г., со цел да укаже на острата морална разлика која специстите ја повлекуваат помеѓу луѓето и животните. Ryder во книгата "Animal Revolution: Changing Attitudes towards Speciesism" (1975) истакнува како припаѓањето на одреден вид не е релевантен критериум за дискриминација. Како и расите или полот, видот подразбира физички и друг вид разлики, но не ја поништува главната и основната сличност која ја делат сите свесни битија - способност да чувствуваат болка.


Терминот го популаризираше филозофот Питер Сингер 1975 во книгата  "Ослободување на животите". Како и Ryder и Singer смета дека способноста за патење и уживање се доволен критериум да на некое битие му биде признаето право на ЕДНАКВО уважување. Сингер не негира постоење разлики меѓу луѓето и останатите животни, но тие разлики не би требале да бидат препрека за проширување на основното начело на еднаквост на не-човечките животни.
Проширувањето на основните начела на еднаквост на другите видови не подразбира дека сите видови мораат да имаат исти права. На пример, бидејќи кучињата не можат да учествуваат на избори, нема смисла за нив да се бараат и избирачки права. Ставот дека припаѓањето на одреден вид е етички релевантна категорија за различно уважување на правата, за Сингер претставува невтемелена предрасуда, еквивалентна на расизмот, или сексизмот, кои исто така ги земаат в предвид етички неоправданите разлики како што се расатата или полот.

 

Американскиот филозоф Tom Regan тврди дека сите имаат инхерентна вредност и дека не смееме да им придаваме помала важност и вредност поради востановениот недостаток на рационалност кој ги карактеризира животните, а истовремено да им припишуваме на малите деца и ментално хендикепираните лица поголема вредност (иако и кај нив е евидентен недостиг на рационалност), само врз основа на критериумот дека тие  припаѓаат на човечкиот вид.
Regan се залага за законски права и еднаква морална обзирност за сите битија кои се "субјекти на живот" со способност за доживување. Основно право на битијата кои се субјекти на живот е правото да никогаш не бидат третирани како средство за остварување на целите на некој друг. Следејќи го тој принцип, Regan смета дека би требале да запреме со искористувањето на животните за храна, експериментирање, облекување, или сопствена забава.

Joan Dunayer ги критикува и Singer и Regan нарекувајќи ја нивната теорија за правата на животните "нов специзам" , зошто заговараат права само на некои не - човечки животни, пред се за оние чии карактеристики и однесување најмногу наликуваат на човечките. Со нејзини зборови "тие животинскиот свет го гледаат низ хиерархија, со човек на врвот" (Specizam, 2009., стр. 111)
Dunayer смета дека потенцијалната човечка супериорност над останатите животни во одредени способности (пр. јазични или ментални) не му дава на човекот право за поголемо морално уважување или поголема законска заштита. Сите свесни битија -оние кои имаат мозок -трабаат да имаат права и да бидат рамноправни. Давајќи им на сите свесни битија, статус на правно лице, Dunayer смета дека треба да стане незаконско да било кој човек:

•Купува, продава, размножува, затвара, му го ускратува правото, или измачува било кое не - човечко битие, •Употребува било кое не - човечко битие во експериметални цели, кои не се спроведуваат поради потенцијален интерес на самото тоа битие,

•Да се приморува било кое не - човечко битие да работи, настапува, се натпреварува или да овозможува било каква услуга на луѓето,

•Намерно убие било кое не - човечко битие, освен поради запирање на неговото измачување кое неможе да биде спречено и излекувано; поради спречување на негово паразитирање; повредување или убивање на некој,

•Намерно повреди некое не - човечко битие, освен во самоодбрана,

•Се вмешува во какви било ловни и други дејности меѓу  не - луѓето кои живеат слободно,

•Зема, намерно оштетува или намерно уништува било што што не - луѓето го произведуваат, или создаваат во своите природни живеалишта,

•Намерно уништува или радикално менува било кое "недоградено" живеалиште.

 
rasizm-specizm
172039_159513170767123_137370736314700_338203_4315127_o
kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb