Регистрација
TruthAbout-Header
PDF
Печати
Е-пошта
Ботоксот убива и луѓе!

having_botox_too_young_1083527242Ботоксот во медицинските кругови се третира како лек кој може да лекува мускуарна вкочанетост, болки во вратот, абнормална положба на главата или вкочанети очни мускули. Може да се користи и против прекумерното потење и се почесто се наоѓаат нови медицински ползи за користење на оваа состојка. Но во последно време голем замав земае употребата на ботоксот во козметички цели, поради измазнување на умерените и/или длабоките брчки.

Ботоксот би можел да се смета за квалитетно помагало за зголемување на квалитетот на животот, но ризиците се преголеми. Она што поретко ќе го слушнете е дека производите со ботокс можат да имаат тешки последици.

Само неколку часа по инјектиран ботокс, може да настанат сериозни нуз појави. Некој од нив се потешкотии при голтање, говор или дишење, кои можат да бидат фатални. Проблемите со голтање можат да трајат со месеци.

Освен тоа ботоксот од местото на инјектирање може да се прошири и во околните подрачја и да предизвика мускулна слабост, замаглен вид, слаба контрола над очните капаци, губење на гласот или неможност за правилно говорење, губиток над контролата на мочниот меур и тн. Забележани се и ненадејни алергиски реакции како осип на кожа, отекување и недостиг на здив.

 

Тестирањето/испитувањето врз животни едноставно не можат да ги предвидат несаканите појави врз луѓето, особено оние кои се карактеристични за луѓето како што се потешкотии во говорот или оние кои се работа на индивидуална перцепција (на пр. физичка болка).

Останатите такви нуз појави се сушење на устата, непријатност и болка на местото на инектирање, умор, главоболка, болка во вратот и проблеми со очите (дуплиран или замаглен вид), ослабен вид, олабавен очен капак, отекување на очните капаци и суви очи.

И покрај тоа што ботоксот наголемо се тестира врз животните, таквите нуз појави се откриваат дури откако ќе се аплицира на луѓето. Имено само луѓето можат да изразат такви суптилни нуз појави , што оди во прилог на тоа дека никакво количество на детални тестови врз животните не можат да го потврдат она што ќе го потврдат луѓето, кога по „исцрпни„ тестови врз животните бидат третирани со некој одобрен препарат или хемикалија.

 

Како круна на сетто тоа, американската администрација за храна и лекови FDA (Food and Drugs Administration) во 2008 објавува дека производите кои содржат ботокс се ризични, меѓу другото и поради забележана смртност кај луѓето, особено децата кои, од медицински причини, биле изложени на третирање со ботокс .

 

Е.С.Е.А.Е. members&observers

409934_370ArzteGeganTierversuche

prijatelji_zivotinja_logogaia_logo

animalanimalia

buav-logoviva_poland

feniks-serbialscv-switerland

addadjurens

dyrevernedev

forsoiavs

IBT_57x57LAV

menschenonevoice

svobodaanimamundi

bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb