Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
Меѓународна иницијатива за затворање на Вардариште

slika za usloviteПочитувани,

Во услови на континуирано непостапување по реакциите и пријавите кои ги доставуваме за стационарот Вардариште (последна во месец јануари, за која немаме ни одговор) информираме дека Анима Мунди покренува силна мегународна кампања за конечно затварање на оваа грозоморна институциија.

Доста ни е од привидот на хуманост и соработка! За тоа до кое дереџе е доведен угледот на нашата држава во однос на животните говори и фактот што суровоста врз животните е ставена на дневен ред во Европската Комисија (од претставничката на Европскиот Парламент Кристина Мускардини) при штo европарламентарката  укажува дека Македонија како земја претендент за влез на ЕУ е сериозно компромитирана во однос на убивањето на животните и повикува на мониторинг! Не ни кажува ли ништо одговорот од Европскиот  комесар за проширување Штефан Фуле кој на  прашањето на пратеничката Мускардини одговара дека Европската комисија е запознаета со проблемот со бездомните кучиња во Република Македонија и истиот го поистоветува со проблемот во Романија. Со Романија, земјата која во светски рамки важи за најгрозоморниот пример на дивјаштво, примитивизам, суровост и крвништво врз бездомните животни - ете со такво крваво сценарио ја поврзуваат и нашата држава!

 

Шокантно е и непростливо што нашите реакции, апели за хуманост наидуваат на поголема поддршка надвор, во Европскиот Парламент, отколку во домашните институции. Тие пратеници се залагаат за наше мониторирање, влез, управување на Вардариште. Тие сметаат дека сме во право, а нашите институции не. Сега повторно се обраќаме јавно  и ги повикуваме одговорните институции, градоначалникот на град Скопје, г-н Коце Трајановски, како и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-н Зоран Поповски итно да стават крај на лудилото кое таму владее, Вардариште итно да го затворат се додека не се создадат услови за комплетно управување на стационарот од страна на активисти за заштита на животните и луѓе кои животните ги сакат и ќе се грижат за нив!

Почитувани со овој допис, информација за ставот на претставниците на ЕУ Парламентот и петицијата која ја отворивме за оваа намена најавуваме силна меѓународна кампања и нови активности  се до конечно затварање на Вардариште!

reakcija EP

izjava fule

 
bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb