Регистрација
TruthAbout-Header
ЕКСПЕРИМЕНТИ
PDF
Печати
Е-пошта
Ботоксот убива и луѓе!

having_botox_too_young_1083527242Ботоксот во медицинските кругови се третира како лек кој може да лекува мускуарна вкочанетост, болки во вратот, абнормална положба на главата или вкочанети очни мускули. Може да се користи и против прекумерното потење и се почесто се наоѓаат нови медицински ползи за користење на оваа состојка. Но во последно време голем замав земае употребата на ботоксот во козметички цели, поради измазнување на умерените и/или длабоките брчки.

Ботоксот би можел да се смета за квалитетно помагало за зголемување на квалитетот на животот, но ризиците се преголеми. Она што поретко ќе го слушнете е дека производите со ботокс можат да имаат тешки последици.

Само неколку часа по инјектиран ботокс, може да настанат сериозни нуз појави. Некој од нив се потешкотии при голтање, говор или дишење, кои можат да бидат фатални. Проблемите со голтање можат да трајат со месеци.

Освен тоа ботоксот од местото на инјектирање може да се прошири и во околните подрачја и да предизвика мускулна слабост, замаглен вид, слаба контрола над очните капаци, губење на гласот или неможност за правилно говорење, губиток над контролата на мочниот меур и тн. Забележани се и ненадејни алергиски реакции како осип на кожа, отекување и недостиг на здив.

 
PDF
Печати
Е-пошта
Стоп за тестирањето на ботокс врз животни!

image_2_5620Секоја година, стотици илјади глувци умираат во светот во застарени тестови за ботулински токсин (подобро познат како „ботокс“). Европската коалиција за прекин на експерименти врз животни (ECEAЕ www.eceae.org) каде национален претставник – набљудувач за Македонија е Анима Мунди, се бори да стави крај на овие неизмерно сурови експерименти за производ кој често се користи единствено за целите на естетски корекции со минлив ефект.

Секоја серија на ботулински токсин која излегува на пазарот е тестирана на стотици глувци со примена на контроверзниот тест на труење со смртоносна доза (LD50).

Тестот се нарекува LD50 бидејќи истражувачите бараат доза која ќе убие 50% од глувците - тоа предизвикува ужасно страдање. Ботоксот се вбризгува во стомакот на глувците и потоа се следи колку од нив ќе умрат. Глувците постепено се парализираат, дишењето им е отежнато, и, доколку не се интервенира, се задушуваат до смрт.

 
PDF
Печати
Е-пошта
Вистината за ботокс и тестирањето на животни

flaer12345Одговори на вашите топ 10 прашања!


1.ШТО Е БОТОКС?

Ботулински токсин (познат како ботокс) е нервен токсин и една од најтоксичните супстанции во светот. Ботокс®, исто така, е името на брендот на еден од неколкуте производи кои содржат ботулински токсин. Други имиња на брендови се Dysport®, Xeomin® и Vistabel®. Тој најчесто се користи за привремен третман за измазнување на брчките и линиите на лицето.

 
PDF
Печати
Е-пошта
ЕКСПЕРИМЕНТИ ВРЗ ЖИВОТНИ

animal-testing.thumbnail

Секоја година отприлика 35.000 животни во Европа, т.е. милиони ширум светот, изложени се на интензивно патење поради дискутабилни тестирања на козметички производи или на нивните состојки. Постои широк спектар на разновидни експерименти.

Таканаречениот "The Drazie Eye Test" се применува во студиите за иритирање на очите. Хемикалиите се капат во очите на зајчиња. Зајаците имаат многу послаб солзен систем од човекот и поради тоа "не плачат" при поднесувањето на болка, па ради тоа научниците ги сметаат за идеални во вршењето на вакви тестови. Тие исто така не трепкаат при што се олеснува апсорбцијата на хемикалиите. За време на тестирањето промените во окото се пратат долго време. Никакво средство за олеснување на болката не им се дава на животните.

Таканаречениот  "LD50" тест за отровност е најозлогласениот од сите тестови (во Шведска е неодамна забранет, а во Британија уште во 1996 благодарејќи на организацијата BUAV) - смртноста на животните е околу 50%. Тестот започнува со труење на извесен број животни. Дозата отрови постапно се зголемува се додека 50% од животните не умрат (како би се востановила смртната доза). Отровот се дава со присилно хранење, инектирање или инхалација, а притоа никакви средства за олеснување на болка не се даваат на животните. Овој тест е веќе долго време критикуван и нарекуван ненаучен и од самите научници (!) а освен тоа е исклучително суров и неописливо болен за животните.
 
PDF
Печати
Е-пошта
ВИВИСЕКЦИЈА ВРЗ ЖИВОТНИТЕ

10 причини за жестоко да се спротиставите на вивисекцијата



vivisection191.) ВИВИСЕКЦИЈАТА Е НАЈСУРОВАТА ФОРМА НА НАСИЛСТВО ВРЗ НЕВИНИ СУШТЕСТВА, што не можат да се  спротистават на она што им се случува.

 
Ниедно животно не сака да биде маченик, секое животно сака да биде на слобода. И тие ја ценат сопствената слобода исто колку што и ние, луѓето, ја цениме нашата!

2) Практикувањето на овој суров, тирански и непотребен чин е одраз на (не) моралот и (не) стабилноста на личноста на оние што го изведуваат, но и на оние што го подржуваат овој третман на животните.

 

 
PDF
Печати
Е-пошта
ПОМАГА ЛИ ТЕСТИРАЊЕТО ВРЗ ЖИВОТНИ ВО ЧОВЕКОВАТА МЕДИЦИНА?

Многу луѓе би се согласиле со констатацијата дека козметичките тестови врз животни се апсолутно непотребни, но кога станува збор за тестирањата во медицинска намена, не се толку сигурни. Тоа е разбирливо - сите ние сакаме да видиме позитивни достигнувања на тоа поле. Но прашањето е колку се тие тестови врз животни потребни, а пред се компетентни, како би се заштитило нашето здравје?

 
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Е.С.Е.А.Е. members&observers

409934_370ArzteGeganTierversuche

prijatelji_zivotinja_logogaia_logo

animalanimalia

buav-logoviva_poland

feniks-serbialscv-switerland

addadjurens

dyrevernedev

forsoiavs

IBT_57x57LAV

menschenonevoice

svobodaanimamundi

bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb