Регистрација
ВЕГЕ КУЈНА
PDF
Печати
Е-пошта
МЕКСИКАНСКА САЛАТА СО ЈУФКИ

Mexican_Salad

Состојки:

200 г црвен грав

200 г пченка

500 г `ржани јуфки

1 мал виолетов кромид

1 црвена бабура

1 поголем црвен домат

1 покрупна зелена пиперка

 

За прелив:

120 мл маслиново масло

45 мл свежо цеден сок од лимета

3 мл мед

Шарен бибер

Сол по вкус

Коријандер

 

Подготовка:

Гравот се остава преку ноќ да искисне во ладна вода. Наредниот ден водата му се истура, се става нова вода и се вари околу еден час (зрната не треба да омекнат премногу, треба да бидат „ал денте“).

Пченката се вари петнаесетина минути, исто така треба да биде „ал денте“, не преварена. Истовремено со пченката на друга рингла се ставаат јуфките да се варат во посолена вода.
Пиперките, кромидот и доматот се сечкаат на коцки. Сите состојки се ставаат во голема длабока чинија и се мешаат.

Во одделен сад се мешаат сокот од лимета, маслиновото масло, биберот, солта и медот додека не се добие хомогена смеса.

Јуфките се прецедуваат, се ладат и се ставаат во голем сад, врз нив се истураат измешаните пиперки, кромид и домат, се додава преливот и се промешува. По желба се зачинува со коријандер.

 
PDF
Печати
Е-пошта
ДЕЛИКАТЕСЕН СОЈА НАМАЗ

soja_namazПотребно:

-2 филџана соја (во зрно)

- 20 маслинки

- 4 кисели краставички

- Едно чешне лук

- китка магдонос (по желба)

-сол, бибер

 

Сојата да се потопи во вода и одстои една вечер. Исцедете ја и варете ја најмалку еден час, т.е. додека не омекне. Сочувајте еден филџан од водата во која сојата се варела.

Во блендер ставете ја варената соја, маслинките, краставиците, лукот, магдоносот, посолете и побиберете по вкус. За време на миксањето доколку е потребно додадете или малку вода (онаа во која сојата се варела), или малку течност од краставиците.

Пријатно јадење;)

 
PDF
Печати
Е-пошта
ДОМАШНО МЛЕКО ОД ЗОБ

zobeno_mleko

Ефтино, миризливо, лесно и брзо за подготовка!

Потребно:

 

Зоб: вода во сооднос 1:5

(1мерка на зобените снегулки, 5 мерка за вода)

Морска сол (доволно количество на дофат на прстите)

По желба ¼ ванилино стапче (или екстрат)

По желба темен шеќер, јаворов сируп, или сладило од јачмен

 

Подготовка:

1 Мерка (да речеме мало филџанче) зоб, сол, плус по желба истолчено ванила стапче со неговите одвоени семчиња, се натопуваат во 2 мерки вода - на сат време, цела ноќ или без долго натопување.

Се уфрлуваат во блендер и блендираат, додека зобта не биде добро уситнета и течноста не стане бела. За ова ќе ви бидат потребни некаде десетина секунди. Потоа во блендерот се додаваат останатите три мерки вода и смесата се блендира на најсилна јачина. Добиеното млеко се процедува од зобената каша и остатоците од ванилиното стапче.

По желба може да го засладите пред да ги толчите зобените снегулки, или речиси миг пред да сакате да го употребите млекото. Чувајте го во стаклена тегла во фрижидер. При варење се згуснува.

Употреба:

Може да го користите во кафе, какао, во колачи, торти, овошни фрапеа...

Одлично е за подготовка на умаци поради лесното згуснување за време на варењето.

 
PDF
Печати
Е-пошта
СУПА ОД БРОКУЛА

supa_od_brokula

Потребни состојки:

1 брокула (се користат и цветовите на брокулата и стеблото);

2-3 моркови;

1 главица кромид;

100мл соја млеко;

маслиново масли и зачини по избор

 

Во тенџере со солена вода ја ставате брокулата да се вари (внимавајте да не ја преварите), додека не омекне малку.

Во меѓувреме изрендајте ги морковите и ситно исецкајте го кромидот и истите ставете ги во тава со масло малку да се пропржат.

Откако брокулата ќе омекне, најдобро е да ја ставите во блендер, заедно со малку од водата во која претходно сте ја вареле.
Содржината од блендерот ставете ја во тенџере, додадете ги испржените моркови со кромидот, додадете малку млеко, маслиново масло и зачини по вкус и оставете ја да се вари уште 5 минути.

Оваа супа има навистина неверојатен вкус и е одлична во комбинација со павлака.

 
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb