Печати
ЧЕСТИ ПРАШАЊА

cirkus_4_flaerКАКО ЦИРКУСИТЕ ТРЕНИРААТ ЖИВОТНИ?


Joel Parrott, избршниот директор на Оукландската зоолошка градина, сведочел пред Конгресот дека тренирањето е жестоко, користејќи техники, кои вклучуваат често удирање на слонот од страна на тренерот со стапови, бодење со долги остри стапови кои на врвот имаат куки и сечила, вили, струја, електрични бодежи, оковување во ланци на подолг временски период и ускратување на храната.
Забележано е дека тренерите ги удирале тигрите во лице, бутале разни орудија во грлата на лавовите, ги влечеле леопардите по земја со ланци околу вратот, ја ускратувале храната на животните, се како би ги натерале да ја изведат својата точка. Младите слончиња, одвлечкани од своите мајки, ги изведуваат своите точки под закана од казна и бдеат ноќ за ноќ, во континуитет со очите приковани на личноста со метална кука или бич.
Циркусите кои искористуваат животни немаат место во сомилосниот свет. Време е сите ние да престанеме да го подржуваме циркусот со животни - и да бараме животните -изведувачи да се однесат во соодветни живеалишта каде би можеле да го живеат својот живот достоинствено.

САКАМ ДА ГЛЕДАМ ЖИВОТНИ ВО ЦИРКУС И НЕ МИ СЕ ЧИНИ ДЕКА ИМ СМЕТА НИВНОТО ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТОЧКИТЕ. ЗОШТО  ЗДРУЖЕНИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИ СЕ ПРОТИВАТ НА УПОТРЕБАТА НА ЖИВОТНИ ВО ЦИРКУСИ? 

Според Ringling Bros,основачот Henry Ringling North, во неговата книга, "Кралеви на циркусот", тигрите и лавовите се оковуваат во ланци за нивните престоли, и околу вратот им се става јаже. Тие работат од страв. Тој исто така пишува дека тренерите им ги кршат муцките на мечките или им ги горат шепите, со цел да ги присилат да стојат на задните нозе. Пишува дека тигрите и лавовите рутински се дават со јажиња како би се натерале да слушаат и дека мајмуните и шимпанзата се удираат со тренерските стапови додека тие врескаат...

 

Споделете ги информациите за измачувањето на животните во циркусите по пат на електронските медиуми и социјални мрежи. Поддржете ги локалните собири, или друг вид иницијативи против гостување на циркусите со животни во вашиот град и држава

Факт е дека животните природно не возат велосипед, не стојат на глава, не балансираат на топки, ниту пак скокаат низ огнени прстени. Како би ги присилиле да ги изведуваат тие збунувачки, физички неудобни трикови, тренерите користат јажиња, цврсти околувратници, струјни удари, стапови со куки на врвот и останати болни предмети. Исто така и самото чување и превезување на животните  од циркусот е патење и малтретирање.

Да гледаме уметници на трапез, жонглери, кловнови и акробати, но да ги оставиме животните на мира.

Шведска, Данска, Финска, Индија, Швајцарија и Велика Британија го забраниле или го ограничиле користењето на животни за забава - сега е време и Македонија да го стори истото.