Печати
ВЕГАНСТВОТО ПРОТИВ КОЛАПСОТ НА КЛИМАТА

На прв поглед може да изгледа дека нема голема поврзаност помеѓу јадењето на месо и огромните проблеми кои ги предизвикува истото, а кои се однесуваат на проблемите поврзани со природната околина со кои светот се соочува, како што се глобалното затоплување, ширењето на неплодните површини, исчезнување на дождовните шуми и појавата на киселите дождови.


Оној кој мисли дека вегетеријанството, односно месната индустрија и екологијата не се во блиска причинско-последична врска, живее во голема заблуда.

Дали некого би го сфатиле сериозно кога би ви рекол дека третина од светската површина се претвора во пустина заради масовното производство на месо?
Или, дали би се шокирале кога би дознале дека повеќе од полoвина од океаните во светот се приближува до точка на еколошки колапс поради риболовот?

На земјата живеат повеќе животни за колење отколку луѓе.
Секоја година се усмртуваат 45 милијарди животни за потребите на луѓето.
САмо во Германија во 2002 г. се произвеле да се изедат 500 милиони животни;
300000 говеда, 44300000 свињи, 2100000 овци и кози, 31 000000 кокошки, 30 000000 мисирки.....

Ваквата прекумерна продукција на месо ослободува огромни количества од штетниот гас CO2, најмногу како последица на сечењето на дождовните шуми за потребите на оспособување на нови пасишта за масовно одгледување на животни за колење. Освен тоа животните произведуваат енергија преку тоа што оксидираат јаглеродни соединенија што доведува до ослободување на CO2 и вода.

 

Така 21% од севкупната емисија на CO2  што се испушта поради човековите активности, потекнува од животните кои ние ги јадеме. А тоа има катастрофални глобални последици.
Британскиот физичар Ален Калвејд пишува во "Светот на физиката" -  "За да се смали CO2 во атмосферата, еден од гасовите што го предизвикуваат ефектот на стаклената градина, не би требало помалку да се согорува гас и нафта, туку човештвото би требало да ги промени своите прехранбени навики. Кога сите луѓе би биле вегетеријанци, глобалното затоплување би можело да се контролира"

Дополнително, говедата и овците во светот кои се чуваат за производство на месо се одговорни за токму една четвртина од севкупната емисија на гасот метан на Земјата, зошто преку одгледување добиток годишно настануваат 115 милиони тони метан.
Една овца произведува 7кг метан на годишно ниво, а едно говедо дури 114кг.
Метанот е 21 пат поделотворен гас со ефектот на стаклена градина за разлика од CO2.

Раководителот на Вупертанскиот институт за клима, енергија и околина, Ернест у фон Вајцемер тврди:
"Придонесот на чување говеда за ефектот на стаклена градина е слично толку голем колку ефектот на севкупниот  сообраќај, ако ги вклучиме сечењето шуми за говедата и за нивната крма.. А преобразбата на саваните во пустини, ерозијата на ридско -планинските предели, прекумерната потреба од вода за чување на товен добиток се неколку други примери  за фактот дека со секое кило говедско месо и додаваме голема тежина на околината."

Една неодамна објавена студија на светската организација на исхрана ФАО на ОН дојде до резултат дека товењето добиток во светот продуцира повеќе гасови  што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, во споредба со сиот сообраќај во светот.

Пред се шталското ѓубре со својата продукција која бара големо трошење на енергија, е одговорно за 65% од азотните оксиди што ги предизвикува човекот.
Истото придонесува 296 пати повеќе на земјиното затоплување, отколку емисијата на гасот CO2, соопшти ФАО.
Товењето добиток е едно од најодговорните влијанија за денешните проблеми со околината.
Товењето добиток, со своите последци, денес бара повеќе од 30 % од севкупната површина на копното, што пак како последица го има безмилосното сечење на дождовните шуми. Тоа е одговорно и за загадувањето на земјата и водата.

Активна заштита на околината - Да се стане вегетеријанец, или веган

•Умирање на шуми: денес амонијакот важи како главен одговорен виновник за умирањето на шумите. Тој се предизвикува од околу 85% од емисијата на гасови продуцирани со чување на животни.
Комисијата за испитување од германскиот бундестаг на тема "Заштита на земјината околина" во 1992 дошла до податок дека при емисија на амонијакот 90% од истиот му се препишуваат на земјоделството, од кои 80% на чување на добитокот.
•Дождовни шуми - 90% од уништување на тропските шуми се предизвикува преку масовното чување на животни. Секои 2 секунди се уништуваат шумски пространства со големина на фудбалско игралиште, за добивање на плодни површини потребни за создавање на нови пасишта за добиток.
•Ерозија на почва: Учество на производството на месо и млеко во ерозијата на почвата е 85%. Тоа се 24 милијарди тони годишно.
•Енергија: Повеќе од 1/3 од севкупните суровини и од фосилното гориво во САД се користат за одгледување животни за човековата околина.