Почитувани,
По година и пол мандат градоначалникот Петре Шилегов најавува конечно финализирање на стационарот Вардариште, па финализирање на финализирањето, се слика со кучиња по маси и преку медиумите најавува учество на здруженијата во тамошното управување. Јавноста е веќе запознаена дека Градот Скопје формираше ново Јавно претпријатие Лајка - Скопје, со примарна и единствена дејност хуман третман на бездомните животни, а во одлуката за формирање на претпријатието се велеше дека „во креирањето на организацијата на претпријатието и неговите органи ќе бидат вклучен и НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР СО ИСКУСТВО ВО СФЕРАТА НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ, со цел бројот на кучињата скитници да биде сведен на минимум и тоа на начин кој ќе обезбеди нивна благосостојба, но истовремено да гарантира безбедно и непречено движење на граѓаните на јавните градски површини.“
Почитувани сограѓани, пријатели и љубители на животните,
Ве повикуваме на масовен протест! Да го дигнеме гласот и конечно да се обидеме да создадеме хумано општество во кое живеат не само луѓето, туку и сите останати живи суштества.
ДА ИЗЛЕЗЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ЗА НАДЛЕЖНИТЕ КОНЕЧНО ДА ЗАПОЧНАТ СО ПРИМЕНА НА ХУМАНИТЕ МЕТОДИ ДО ТРАЈНО РЕШЕНИЕ НА ОВОЈ ПРОБЛЕМ – СЕКОЕ ЖИВОТНО ДА ИМА ДОМ!
Се соочуваме со инстутиционална краткогледост и осуда на програмата ЗАЛОВИ-СТЕРИЛИЗИРАЈ-ВРАТИ не земајќи го предвид фактот дека никогаш не била спроведена квалитетно и во целост. Темпото на работа на нашите стационари нема никогаш да ја стигне природната прогресија на уличните животни, ОСОБЕНО ако не се применат и другите мерки што со години наназад ги предлагаме.
Ние, граѓаните и членовите на сите здруженија на територијата на РМ, викаме ДОСТА е со третирање на симптомите!
Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"
Телефон: 077 487 253
E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com
Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје