Регистрација
zoo_baner_nov
PDF
Печати
Е-пошта
ЗАРОБЕНИ ЖИВОТНИ - ЗОО МИЗЕРИЈА

circos_noНа луѓето им е забавно да одат во Зоолошките градини и да ги гледаат животните. Тие им се убави и симпатични, но откако ќе минат неколку часа во забава и љубопитство, посетителите одат во своите домови, не размислувајќи повеќе на тажната судбина на тие затвореници.

Золошките градини ги учат луѓето дека е прифатливо да се држат животни во заробеништво, каде тие до стадиум на лудило се депримираат и досадуваат во тесен и неприроден простор, далеку од своите природни живеалишта.

И покрај наводната грижа за животните, Зоолошките градини се повеќе колекција на егзотични и "интересни примероци", отколку вистински засолништа, или симулирани природни живеалишта.

Золошките градини тврдат дека им е целта едукација на луѓето и зачувување на видовите, но потфрлуваат и во едното и во другото. Поради заробеништвото и регулираниот режим на хранење и парење, животните воопшто не се однесуваат природно и тешко дека некој ќе научи нешто за тоа како тие живеат, т.е. би живееле во своето природно опкружување.

Поголемиот број животни кои се држат во Зоолошките воопшто не се загрозени видови, ниту пак некој ги подготвува за враќање во природните живеалишта. Речиси е невозможно да животно држано во заробеништво некогаш повторно се пушти во дивина. Тие повеќе не можат да се адаптираат. Загрозените видови ќе ги спасиме само доколку ги заштитиме нивните природни живеалишта и ги отклониме причините за нивно убивање.

Животните се држат на тесен простор, на доживотна робија, немаат приватност, и има многу малку можност за нивна ментална стимулација или телесна активност. Тоа резултира во абнормално и самодеструктивно однесување кое се нарекува зоохоза (од "зоо психоза").

Величествените животни во Зоолошките стануваат само свои бледи сенки. Одземено им е се што животот го прави вреден за живеење: семејството, заедницата,  слободата и можноста да одберат како ќе го минат својот живот - дури и кога тие животи не се нималку лесни.

Иднината на Зоолошките градини треба да ја бараме во примерот на Worldlife Centar -от во Лондон, кој планира изградба на високотехнолошка Золошка градина без животни. Посетителите ќе можат да ги набљудуваат животните од далечнина, преку сателит, во живо, дури и од многу далечни места како што се амазонските прашуми, или Африка.

Самата идеа и концепт за заробување животни е страотна и бесмислена. Поради тоа не треба да ги поддржуваме Зоолошките градини и аквариумите. Доколку ви значат животните, ве молиме не ги посетувајте овие животински затвори.
 

ПОТПИШИ ПЕТИЦИЈА

1200_diether_ocampo
bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb