Регистрација
baner_za_milenici_nov
PDF
Печати
Е-пошта
РЕГУЛАЦИЈА НА ПОПУЛАЦИЈА НА БЕЗДОМНИ ЖИВОТНИ

-         Материјалот е превземен од СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА -

До осумдесетите години на дваести век World Health Organization (Светската здравствена организација), со цел борба против беснилото препорачувала бројноста на бездомните кучиња да се регулира со елиминација на тие животни. Меѓутоа денес знаеме дека фаќањето и елиминацијата на кучињата немаат никакво влијание на нивната бројност.

Какви последици има убивањето на бездомните кучиња?

Рамномерна популација може да се обезбеди со помош на хранење и со заштита. Спротивни влијанија се болестите и несреќите. По одреден временски период се воспоставува извесен баланс помеѓу животот и смрттта на единица квадратен метар просторна површина. Со елиминирање на единка од тој "стабилен" систем, пропорционално се зголемуваат шансите за опстанок на преостанатиот дел од популацијата, додека повторно не се достигне лимитот на бројноста на таа популација. Во пракса УКЛОНУВАЊЕТО НА ПОЕДИНИ ЕДИНКИ ОД ТАА ПОПУЛАЦИЈА МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ПРИВРЕМЕНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ГУСТИНАТА НА ПОПУЛАЦИЈАТА, ПР. УКЛОНУВАЊЕТО НА СТАРИ ЖИВОТНИ ОСТАВА ХРАНА И ПРОСТОР ЗА ДВА ПАТИ ПОГОЛЕМА БРОЈКА МЛАДИ ЖИВОТНИ.
ДОКОЛКУ ЖИВОТНИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАЛОВУВААТ, ТОА ТРЕБА ДА СЕ ПРАКТИКУВА ПОРАДИ ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ БЕСНИЛО И СТЕРИЛИЗАЦИЈА, НО НЕ И ПОРАДИ НИВНО ТРАЈНО УКЛОНУВАЊЕ ОД ЖИВОТНИОТ ПРОСТОР. ПРОГРАМИТЕ НА ЗАЛОВУВАЊЕ И УБИВАЊЕ НА КУЧИЊАТА ВО ГОЛЕМА МЕРКА СЕ НЕЕФИКАСНИ (Светска Здравствена Организација, WHO, 1992 година)

-         Разумни мерки со цел регулирање на бројноста на бездомните кучиња:

За да се подобри состојбата, потребно е секогаш да се почне на општинско ниво, кај сопствените животни. Некои стратегии и поедини активности во врска со рационално планирање ќе бидат тука наведени и разгледани.

1. Стратегија за регулирање на фертилитет (плодност):
. Финансиска помош и намалување на даночна такса кај стерилизација на кучињата, особено женките.
. Ветеринарите треба бесплатно да нудат стерилизација на кучињата. -
Државата треба да ги превземе тие трошоци.

. Наградување при стерилизација/кастрација на милениците.
. Казнување при напуштање - исфрлање на кучињата, миленици.

2.Надзор и ограничување на движењето:
. Надзор и ограничување на движењето, особено за женките во време на парење.
. Високи казни за сопствениците во случај на исфрлување на кучињата, или убивање на кучињата миленици.

3.Контрола на бездомните кучиња:
.Заловување и стерилизација на кучињата
.Нивно враќање на истата локација

Отварање на прифатилишта за животните има смисла само во случај кога животните имаат шанса да дојдат до нови сопственици. Дури тогаш кога бројката на кучиња ќе биде толку намалена, да на улиците повеќе нема огромна бројка на кучиња, отварање прифатилишта за кучиња има логика.

-         Затоа е неопходно истовремено да се спроведуваат две стратегии:

1)  Намалување на бројката на бездомните животни по пат на стерилизација.
2)  Спречување на слободно размножување на кучињата кои имаат сопственици.
3) За да се постигне траен успех, потребно е да бидат казнети сите кои ќе го напуштат и исфрлат на улица сопственото животно.

ПРИМЕР ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА И МАЧКИ ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ:

Колку други земји лесно и успешно работат на контрола на популацијата набездомни кучиња докажува промерот во Las Palmasu во Шпанија. Мачките и кучињата се стерилизирани, вакцинирани и видливо обележани на увото. Потоа тие животни се враќаат во своите живеалишта, а државата и здруженијата за заштита на животните редовно ги хранат и контролираат. Тие животни мора да се вратат во своите живеалишта за да нови нестерилизирани животни не можат да го завземат нивното место и живеалиште и потоа да се размножуваат.

 
kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb