Регистрација
TruthAbout-Header
PDF
Печати
Е-пошта
Вистината за ботокс и тестирањето на животни

flaer12345Одговори на вашите топ 10 прашања!


1.ШТО Е БОТОКС?

Ботулински токсин (познат како ботокс) е нервен токсин и една од најтоксичните супстанции во светот. Ботокс®, исто така, е името на брендот на еден од неколкуте производи кои содржат ботулински токсин. Други имиња на брендови се Dysport®, Xeomin® и Vistabel®. Тој најчесто се користи за привремен третман за измазнување на брчките и линиите на лицето.

 

 

 2. ЗАРЕМ НЕ Е НЕЛЕГАЛНО ДА СЕ ТЕСТИРА КОЗМЕТИКА ВРЗ ЖИВОТНИ?

Козметичката директивата забранува тестирање на козметички производи и состојки врз животни во ЕУ. Сепак, ботоксот е всушност лиценциран во ЕУ за третман на релативно ретки медицински состојби, иако најчесто се користи за привремени козметички третмани на лицето против брчки. За жал законодавството на ЕУ овозможува да ботоксот да се користи "надвор од описот во декларацијата" - што значи дека производот е класифициран како "лек" и е тестиран на животни, и законски може да се користи за козметички цели.

 

3.КОЛКУ ЖИВОТНИ СЕ КОРИСТАТ ЗА ТЕСТИРАЊЕ БОТОКС?

Се проценува дека за тестирање ботокс секоја година во светот се користат по 300.000 глувци. BUAV откриле дека само една лабораторија во Велика Британија годишно се користат 74.000 глувци за тестирање ботокс.

 

4. КАКОВ ТЕСТ СЕ ВРШИ ВРЗ ЖИВОТНОТО ЗА ДА СЕ ТЕСТИРА БОТОКСОТ?

Бидејќи токсинот е потенцијално мошне опасен, секоја серија е тестирана пред да се пушти во употреба. За жал тестот за токсичност се спроведува врз глувци и е врз основа на стандардот LD50 тест кој е одобрен дури и од страна на Владата на Велика Британија, а кој го банализира страдањето на кутрите животни, означувајќи го тестот како „исклучително неопходен“.

LD50 тестот има за цел да ја утврди дозата која ќе ги убие точно половина од животните што се користат за тестирање – а се нарекува LD50, бидејќи смртоносната доза ќе убие 50% од животните. Производителите го користат LD50 да ја прикажат "силата" на нивните производи. Тоа е архаичен тест и еден од најсуровите и најконтроверзните експерименти со животни.

 

5. ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЖИВОТНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ТЕСТОТ?

На глувците во стомакот им се инјектира ботулински токсин, а потоа периодично се набљудуваат за да се види колку од нив ќе умрат. Глувците сè повеќе и повеќе се парализираат, за да на крајот се борат да земат здив и, ако се остават, ќе се задушат до смрт. Степенот на страдање е огромен.

 

6. ДАЛИ НЕКОИ ОД ЖИВОТНИТЕ УСПЕВААТ ДА ПРЕЖИВЕАТ?

Повеќето глувци во кои се инјектирани повисоки дози умираат за време на тестот. По три или четири дена се утврдува бројот на преживеани глувци и се пресметува вредноста на LD50.

Истрагата на BUAV во Wickham лабораториите открила дека оние глувци кои не умреле биле убиени на крајот од тестот или со гас или со кршење на нивните вратови. Во гасна комора биле ставани и до 60 глувци одеднаш, кои потоа биле убивани со труење од јаглерод диоксид, смрт која е далеку од моментална.

 

7. КАКО СЕ МИНИМИЗИРА СТРАДАЊЕТО НА ГЛУВЦИТЕ?

На глувците за време на тестот не им се дава средство против болка.

Во Wickham лабораториите во Велика Британија, истражувач на BUAV откри дека што се однесува до благосостојбата на животните, работниците требало да ги набљудуваат глувците и да ги идентификуваат оние кои најверојатно нема да преживеат до следната проверка. Овие глувци потоа се ваделе и грубо се убивале на подот со кршење на нивните вратови со хемиско пенкало.

Од новите членови на персоналот, кои никогаш претходно не убиле глувци, се очекува да вежбаат кршење врат со хемиско пенкало на живи глувци. Но, понекогаш во текот на оваа обука, персоналот наместо да ги скрши вратовите на глувците, им ги крши `рбетите. Дури и искусниот кадар има проблеми со ова предизвикувајќи повреди на `рбетот. Ова резултира со несомнено измачувачка агонија за глувците.

Всушност, голем дел од глувците во релевантните категории биле оставани да умрат сами, а не биле усмртувани за да им се скратат маките.

 

8. АКО НЕ СЕ ТЕСТИРА НА ЖИВОТНИ, КАКО ЌЕ СЕ ОСИГУРАМЕ ДЕКА БОТОКСОТ Е БЕЗБЕДЕН?

Постојат голем број на алтернативи на LD50 тестот за ботокс. На пример, Snap-25 анализата е метод кој ја мери активноста на токсинот во епрувета и која се користи од страна на официјалната лабораторија на Обединетото Кралство од 1999 година. Американската компанија за ботокс „Allergan“ има развиено тест на база на клетки, каде што не се користат животни. Овој тест беше неодамна одобрен од страна на властите во САД, Канада, и многу земји низ Европа. Тој е валиден само за ботокс производите од Allergan: Botox®, Botox®Cosmetics и Vistabel®.

 

9. ЗОШТО ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ СЕ УШТЕ ТЕСТИРААТ ВРЗ ЖИВОТНИ?

Други производители на производи од ботулински токсин - ботокс тврдат дека развиваат свои алтернативи кои само тие можат да ги користат. Allergan успеа да се развие тест на база на клетки кој неодамна доби одобрение од страна на властите на неколку земји, кој се применува само за нивните производи. Другите две големи компании, Ipsen и Merz-Pharma, сè уште се служат со сурови и застарени LD50 тестови. Тие тврдат дека работат на пронаоѓање на замена на овој суров метод, но ECEAE верува дека работат многу бавно. Ние ги повикуваме да добијат одобрение за нивната замена или да купат лиценца од Allergan која ќе им овозможи да го користат нивниот метод.

 

10. МОЖЕ ЛИ ДА ДОБИЈАМ БОТОКС КОЈ НЕ Е ТЕСТИРАН НА ЖИВОТНИ?

Allergan успеа да се развие тест на база на клетки кој не користи животни за да ги тестираат своите производи, Botox®, Botox®Cosmetics and Vistabel® и чека за овој тест да добие регулаторно одобрување во светски рамки. Allergan изјавија дека имаат намера во целост да го спречат тестирањето врз животни, штом регулаторите ширум светот ја одобрат нивната алтернатива. Производите со ботулински токсин како на пример, Dysport® од Ipsen, Azzalure® од Ipsen / Galderma и Xeomin® и Bocouture® од Merz-Pharma сè уште се тестираат врз животни во сите фази на нивното производство.

 

Е.С.Е.А.Е. members&observers

409934_370ArzteGeganTierversuche

prijatelji_zivotinja_logogaia_logo

animalanimalia

buav-logoviva_poland

feniks-serbialscv-switerland

addadjurens

dyrevernedev

forsoiavs

IBT_57x57LAV

menschenonevoice

svobodaanimamundi

bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb