Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА УПОТРЕБАТА НА КОЊИТЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА НИВНАТА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 

Анима Мунди преку посочената Иницијатива за помош на коњите, дава конкретни применливи предлози за превземање на конкретни чекори кои би воделе кон:

-          Унапредување на благосостојбата на коњите,
-          Зголемување на безбедноста на сите граѓани во сообраќајот и
-          Олеснување на животот на граѓаните кои се најранливата и најмаргинализираната категорија граѓани во нашето општество.

Сумарно, иницијативата подразбира:

1) ИДЕНТИФИКАЦИЈА на животните на територија на град Скопје и другите урбани општини, нивната психофизичка состојба и секако сопствениците на тие коњи, за што здружението нуди помош; законско регулирање на сопствеништвото на коњите.

2) ВОВЕДУВАЊЕ ЗАКОНСКА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА  ВЛЕЧНИ КОЛИ СО КОЊИ ВО УРБАНИ СРЕДИНИ И БРЗИ СООБРАЌАЈНИЦИ
, директна интервенција во законот за на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата кој ја уредува ваквата пракса

3)   ИТНО ОДЗЕМАЊЕ НА КОЊИТЕ КОИ СЕ БОЛНИ, СТАРИ, ИЗНЕМОШТЕНИ И НИВНО ЗГРИЖУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНА ЛОКАЦИЈА – НАМЕНСКИ ЦЕНТАР ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА за што нудиме стручна и директна помош, како и во спроведување на едукативни кампањи за хуманост и грижа кон животните со што ќе помогнеме во обезбедување на дополнителни донации од државата и странство.
3.1. ) Засилување на надлежностите на ЕЛС , т.е. во рамки на Одлуките за комунален ред на општините (пред се граските општини) да се воведат одредби со кои се за забранува движење на запрежни коли или само коњи по коловозите и нивно напасување на јавни површини

  1. ОБЕШТЕТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА КОИ ГО КОРИСТЕЛЕ КОЊОТ КАКО ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО И НАЧИН ЗА ЗАРАБОТКА/ПРЕЖИВУВАЊЕ, т.е. да им се овозможат начини да дојдат до средства за живот и превозно средство; да им се понуди  решение и даде соодветно превозно средство со кое ќе продолжат да ја вршат нивната работа - кое ќе им помогне безбедно и непречено да се движат во сообраќајот. Со тоа ќе се помогне/ олесни нивното живеење, а нивната собирачка активност ќе се подигне на повисоко ниво, да добијат статус на работници или помошници на Јавните Комунални претпријатија, кои со својата работа помагаат во рециклирањето на сметот.

Со оглед на важноста на оваа  Иницијатива инсистираме истата да биде ургентно разгледана и очекуваме да се пристапи кон законски измени, процес во кој сакаме да бидеме инволвирани.

Со почит,
Активисти на Анима Мунди

ОРГИНАЛНИОТ ТЕКСТ НА ИНИЦИЈАТИВАТА МОЖЕ ДА СЕ ПРЕВЗЕМЕ ОД СЛЕДНИОТ ЛИНК.
СУАРНИОТ ТЕКСТ НА ИНИЦИЈАТИВАТА МОЖЕ ДА СЕ ПРЕВЗЕМЕ ОД СЛЕДНИОТ ЛИНК.
ПЛАКАТОТ Е ДОСТАПЕН НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.

 

ПОТПИШИ ПЕТИЦИЈА

animal_police
bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb