Регистрација
vegeterijanstvo_baner
ВЕГЕТАРИЈАНСТВО И ВЕГАНСТВО
PDF
Печати
Е-пошта
БЕЗ МЕСО ДО ЗДРАВЈЕ

Светската здравствена организација (WHO) утврдила дека исхраната како фактор е одговорна за најмалку 30% од сите канцерогени заболувања во западните земји. Кај случаите на рак на градите, простатата, бубрезите, дебелото црево и панкреасот утврдено е дека конзумирањето на црвено и преработено месо, заситените животински маснотии, како и "тешката" храна со многу месо го зголемуваат ризикот од добивање рак. Големи научни истражувања во Германија и Англија покажале дека кај вегетаријанците има 40% помалку веројатност од развиток на рак, во споредба со оние кои јадат месо. Вегетаријанската исхрана богата со интегрални житарки, мешунки, зеленчук и овошје дејствува како превентивна мерка за заштита на организмот. Поради тоа не е воопшто за чудење фактот дека кај вегетаријанците има најниска стапка на ризик од заболување од рак, т.е дека се изложени на значително помал ризик во споредба со оние кои конзумираат месо.

 
PDF
Печати
Е-пошта
ВЕГАНСТВО

Зборот "веган" го формирал Доналд Вотсон 1944г. во Лечестер, Англија, кој, заедно со уште неколку членови на Вегетаријанското друштво (Vegetarian society - и самиот негов член), сакал да основа службено поддруштво на вегетеријанци кои не конзумираат млеко и млечни производи. Кога тој предлог е одбиен, Вотсон и истомислениците почнуваат да основаат сопствена организација. Така, 1944 г. основано е Веганското друштво (The Vegan society), кое заговара потполна растителна прехрана, исклучувајќи го месото, рибата, јајцата, млекото, млечните производи и медот, т.е. ги потикнува и охрабрува производителите на храна, облека и обувки да користат алтернативи на животинските производи. Новооснованото друштво се согласило дека престанувањето на било кој облик на искористување е нужен за создавање на многу поразумно и похумано општество.
 
PDF
Печати
Е-пошта
ПРОТИВ НЕДОСТИГ ОД НУТРИЕНТИ-Б12

Вегетаријанците немаат никаква поголема потреба од витамини и минерали од луѓето кои јадат месо, напротив - ако го земеме предвид фактот дека се хранат поразновидно и поздраво, тие имаат многу помали проблеми со недостигот од витамини и здравствени проблеми.

На пример, железото кое се наоѓа во месото многу потешко се апсорбира и затоа докторите препорачуваат да се конзумира од растителни извори како што се мешунките, житарките, семките, лиснатиот зеленчук - спанаќ, салата, блитва, сушено овошје и др.

 
PDF
Печати
Е-пошта
ВЕГАНСТВОТО ПРОТИВ КОЛАПСОТ НА КЛИМАТА

На прв поглед може да изгледа дека нема голема поврзаност помеѓу јадењето на месо и огромните проблеми кои ги предизвикува истото, а кои се однесуваат на проблемите поврзани со природната околина со кои светот се соочува, како што се глобалното затоплување, ширењето на неплодните површини, исчезнување на дождовните шуми и појавата на киселите дождови.

 
PDF
Печати
Е-пошта
МИСЛИ И ИЗЈАВИ НА ПОЗНАТИТЕ

gete

"Ловот е секогаш една форма на војна."- Ј.В.Гете (1749 - 1832), германски поет

 

 

 

 

kant3"Од сите модели на живеење ловот најмногу му се противи на моралниот закон; Ноевата забрана за пролевање на крв изгледа уште од прапочетокот како ништо друго освен како забрана за ловот." - Емануел Кант (1724 - 1804), германски филозоф

 

 

 
PDF
Печати
Е-пошта
ПИСМО ОД ИНДИЈАНСКИОТ ПОГЛАВАТАР СИЕТЛ

Кога пред повеќе од еден и пол век, во 1854 г., претседателот на САД, Абрахам Линколн, понудил државата да купи голем дел од индијанската земја, за што на индијанскиот народ му понудил резерват, на таа понуда добил одговор од поглавицата на племето Сиетл. Ова писмо се вбројува меѓу најдлабоките и најубавите мисли кои некогаш се изречени за човековата околина.

"Кога Големиот поглавица од Вашингтон го испраќа својот глас дека сака да ја купи нашата земја, од нас бара премногу. Како може да се купи или продаде Небото, топлината на Земјата? Таа идеја нам ни е туѓа. Ние не сме сопственици на свежиот воздух и бистрата вода. Ако ние не го поседуваме свежиот воздух и бистрата вода, како вие тоа можете да го купите?

 
Повеќе Артикли...
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
vegan_society
evu

Emily Deschanel- Коски

Познати вегетаријанци

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb