Печати
За Маците со љубов

Драги пријатели, ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме на вториот донаторски настан "ЗА МАЦИТЕ СО ЉУБОВ" во соработка со Рамстор Мол - Скопје (Ramstore Mall) на 11-12-13ти Март (Петок, Сабота и Недела) со почеток од 12:00 до 20:00 часот.


 

 

Посетете не и оваа година на базарот на рачни изработки, кретивното детско катче и информативниот пулт, да се дружиме, едуцираме, размениме мислења и искуства. Целта на настанот е собирање на средства за стерилизација/кастрација на улични мачки, промовирање на хуман третман кон мачките, нивно одговорно чување како домашни миленици и пред се поттикнување на свеста на граѓаните кон овие прекрасни животни со кои го делиме животниот простор.


Лани успеавме да помогнеме со стерилизација/кастрација на 30 улични мачиња, се надеваме дека оваа година сите заедно ќе успееме да придонесеме уште повеќе за овие бесценети градски пријатели. Дојдете! Да размениме искуства, да се едуцираме, да се запознаеме, да научиме нешто ново, се забавуваме, да продолжиме една убава традиција - нешто добро и позитивно за нашите мали сограѓани нашите скопски улични мачки!

Повеќе информации можете да прочитата на facebook евентото. [link]