Печати
ОБНОВЕНО: Изречена парична казна, Кривичната постапка е во тек!

Информираме дека врз основ на Пријава која ја поднесовме во Агенцијата за храна и ветеринарство против лицето Симо Липски Христовски за мачење и свирепо убиство на кучето Идриз – мирно бездомно куче кое монструмот со секира го закла среде бел ден – е констатирано најгрубо кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните.


Врз основ на востановеното дело на сторителот, од страна на Агенцијата за храна и ветерина му е изречена мерка за наплата на глоба од 800 евра и истата е исплатена. Ова е дописот кој ни е пристигнат од Агенцијата. СИМО ЛИПСКИ НЕМА ДА ЗАВРШИ САМО СО ПАРИЧНА КАЗНА!

 

Ве информираме и дека е во тек Кривичната постапка која ја поднесовме против него во Основното Јавно Обвинителство со која бараме сторителот да одговара по повеќе кривични основи – мачење животни, предизвикување јавна опасност и со која инсистираме да заврши во затвор, без можност за олеснителни мерки. Само преку најстрого санкционирање на садистите во нашата држава, Македонија може да стане цивилизирано и безбедно место за живеење, како за луѓето, така и за животните.

 

ОБНОВЕНО 25.07.2017год.

 

Ова е исходот од Кривичната пријава која ја поднесовме против Симо Христовски Липски кој зверски го уби бездомното куче Идриз. Липски е кривично казнет парично во износ од 60 000 денари кои Обвинителството го обврзало да ги уплати за хуманитарни цели на сметка на Анима Мунди , а со цел укажување на помош на животни. Исходот е таков бидејќи Липски признал вина, искажал каење, никогаш претходно не бил осудуван и извршил уплата по налог на ОЈО оваа е казната со која доби олеснувања во кривичната постапка.

Нас оваа казна и овие средства не не радуваат и сакавме да го видиме Липски во затвор, но исто сме свесни дека обвинителот ангажиран на овој случај сторил се што можел, искористил и дискреционо право да наместо во Буџетот на РМ средствата бидат наменети во хуманитарни цели, за животните.

Овие средства за нас се фонд на Идриз кои но ќе бидат искористени за итни случаи во негово име, а сликите и итните случаи ќе бидат одбрани јавно. Идриз да спаси други, зошто Идриз не можевме да го спасиме. Можеби судот завршил со Липски но ние не. Липски ќе биде за секогаш обележан како убиец, кој пред се е казнет со осудата на целата македонска јавност, кој успеавме да го казниме финансиски со вкупен износ од 1 800 евра, кривично и по Законот за заштита и благосостојба на животните.