Печати
ЗОШТО Е ПОТРЕБНА ПРОМЕНА НА ЗАКОНОТ?

Постоечкиот македонски Закон за заштита и благосостојба на животните, е недекватен и ја губи својата основна идеја бидејќи пропишува субстандардна заштита на животните, кои од страна на луѓето се искористувани и убивани во разни облици на општествена дејност. Законот е несоодветен и дури и во општите начела остава простор за многу манипулативни толкувања (на пр. овозможува масовна еутаназија на бездомни животни; нема забрана за одгој на животни за крзно како што е случај во сите наши соседни земји и сл). Законот е специстички, што значи дека животните се перцепираат во рамки на нивната „корисност„ по човекот (профит) и има за цел првично да ги штити економските и политичките интереси на луѓето – а не правата, заштитата и благосостојбата на животните, зошто чувствуваат и страв и болка и љубов кон своите младенчиња и кои се сами по себе сосема обезвреднети. Таков закон е хипокризија да го носи тоа име. Законот сериозно и видно затајува во однос на сите европски закони за заштита и благосостојба, Законите за заштита на животните од сите соседни земји и бараме истиот да се смени!

Анима Мунди, и сите останати македонски здруженија за заштита на животни  (Асоцијација на активисти за права на животните, Мали Херои, Глас за животните.....) поднесува ПРЕДЛОГ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНЕНИЈА И замолува за поддршка на таа иницијатива.  ПРЕМНОГУ СМЕ СРЕЌНИ ШТО ЗА ОВАА ИНИЦИЈАТИВА ЈА ДОБИВМЕ И ПОДДРШКАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ДЕМОКРАТСКИ ИНСТИТУТ

 

Иницијативата генерално подразбира зголемување на заштитата на животните:

-          забрана за усмртување бездомни живорни како алтернатива за намалување на прекубројноста на бездомните животни

-          забрана за одгој на животни за крзно

-          забрана за циркуси со животни

-          зголемена заштита и поддобрување на состојбата на т.н. фармските животни

-          законска задолжителност за едукативни програми за сензибилизација на населенито во однос на животните и промовирање на хуманоста;

Ги повикуваме сите граѓани да ги упатат своите критики на постоечкиот Закон и  ги поддржат нашите предлог законски измени и барања со кои животните ќе добијат конкретна заштита, а нивното мачење ќе биде осудено и санкционирано! Оваа петиција ќе биде доставена до претседателот на Собранието на РМ и пратеничкиот состав, Владата на РМ, до надлежните комисии Законодавно-правна комисија, Комисија за земјоделство,шумарство и водостопанство и Министерсто за земјоделство, шумарство и водостопанство .

Поддржете ја, потпишете ја и споделете ја оваа петиција, дајте го својот глас во обидите да се смени судбината на бројните животни во Македонија!