Печати
НЕ НОСЕТЕ ТУЃА КОЖА ВРЗ СОПСТВЕНАТА!

Секој пат кога ќе се решите да купите кожна јакна или кондури, осудувате животни на вечна болка и  патење. Придружете се на милиони купувачи кои увиделе дека кожа е нешто без што се може. Постојат многу алтернативи како памук, лен, гума, синтетика и многу други материјали.

 

Chlorenol -от кој се користи за производство на патики е одличен нов материјал кои е проsирен и се адаптира одлично на стапалото, а воедно овозможува одлична потпора. Освен тоа може да се пере и во машина за перење алишта. Веганските патики и кондури не се скапи, поточно тие се и до 60% поефтини од кожните, а некои се произведуваат и од рециклирани материјали. Може да ги најдете во секоја подобро снабдена продавница за обувки, доволно е да посветите внимание на декларацијата.

 

ЕДНА ОД ЗАБЛУДИТЕ:
Многумина сметаат дека е кожата нузпроизвод од месната и млечната индустрија, но се почесто се одгледуваат крави за производство на кожа - а од тоа одгледување месото се добива како нузпроизвод.

КОЖЕН ЕКОЦИД:
Кожата се обработива со опасни супстанци, вклучувајќи ги тука минералните соли, формалдехидот, деривати од катран, разновидни уља, бои, зачврстувачи од кои некои се базирани на цианид. Огромно количество на произведена кожа се штови со хром, а отпадот од кожарите содржи огромни количества други загадувачи како што се влакна, сол, леплив талог, сулфиди и киселини.

 

ВО ТУЃА КОЖА:

Повеќе милиони крави, свињи, овци и кози убиени поради нивната кожа, минуваат низ ужаси на фармите за мас производство - пренатрупаност, кастрација без анестезија, жигосување, обрезување на опашките, отклонување на роговите. На крај од своите кратки и мизерни животи тие се зашеметуваат со силни удири, им се дере кожата, висат во воздух и искрваруваат до смрт.

Месната индустрија се потпира на продажбата на кожа за да остане и станува се по профитабилна. Купувањето на кожа директно придонесува на заработувачката на овие фарми и кланици.
Освен тоа, за произведување на кожни предмети се убиваат и други - егзотични видови, вклучувајќи ги бизоните, биволите, дивите свињи, кенгури, слонови, јагули, ајкули, делфини, фоки, моржеви, жаби, крокодили, гуштери и змии.