Печати
ЖИВОТ ВО ДИВИНА, ИЛИ ЖИВОТ ВО КАФЕЗ

ChoosingFurBuyer1Животните кои се одгледуваат за да, еден ден, станат нечија бунда, своите кратки животи ги минуваат во темни, тесни и валкани кафези. Истражувањата покажуваат дека животните кои се одгледуваат со таа цел, претрпуваат страотни повреди, без да им се укаже медицинска помош. Лисиците и нерците кружат безброј пати бесконечни кругови по своите кафези, полудувајќи во заробеништво.

Нерците, лисиците, чинчилите, ракуните и останатите животни на фармите за крзно го минуваат целиот свој живот во валкани кафези, без престан кружејќи во нив од сиот тој стрес и досада, некои од нив се себеповредуваат, или пак стануваат агресивни кон другите животни во кафезите. Во кафез со големина од едвај 80cm2, се чуваат една до четири лисици. Нерците и останатите животни се држат во кафези со големина 30 cm на 1 m, во кои исто така се наоѓа една до четири животни. Таквите пренатрупани кафези стресни се за сите, особено за самотните животни како што се нерците. Во летните месеци илјадници животни се изложени на невидени горештини, поради кои страдаат од мачнина и повраќање, пред да ги ги завршат своите животи од исцрпеност предизвикани од горештините. Младенчињата се најчестите жртви, како резултат на брзата дехидрација.

Во зима животните во кафезите немаат каде да се сокријат од ниските температури, дождот, или снегот. Не постои ниту еден закон кој ги штити животните на фармите за крзно. Фармерите често пати ги убиваат животните со анални, или вагинални струјни удири, за време на кој животните чувствуват силна болка од срцев удар, додека се сеуште при свест. Останати методи на убивање вклучуваат кршење на вратовите и давење. Понекогаш животните само се зашаметуваат и кожата им се дере додека се живи.

 

ЛИСИЦИ ПО КАФЕЗИТЕ


Лисиците се најпродуктивни животни за фармите на крзно. Само во 2000 г. во САД се произведени 2, 81 милион парчиња крзно од тие животни, што е за 4% помалку од
претходните години, без да се пресметува бројката на оние животни кои умреле од разни болести, пред да можеле воопшто да бидат "одрани". Според една статија од Wall Street Journal, во 2000 г. постоеле 400 фарми на нерци во САД, што е дупло повеќе отколку пред едно десетлетие.

И фармерите одгледуваат лисици, дабари и зајаци за производство на крзно. Во САД, фармерите, само минатата година произвеле околу 50 000 парчиња крзно од лисица.

Некои од нив доаѓаат недалеку од Источниот Залив,  каде телата од мртвите животни или нивните делови, од различната степен на распаѓање го загадуваат земјиштето.
"Лисиците во одгледувачниците светот околу себе можат да го набљудуваат само  низ решетките на кафезите, зделичките од кои се хранат најчесто се рѓосани конзерви, изметот е натрупан насекаде,во огромни количини, додека самите кафези се во руинирана состојба. Сопственикот му покажа на нашиот истражител количка преполна со крв и одрани тела од нерци, додека во близина се гледаа два кафеза преполни со трупови на лисици, неодамна убиени и одрани. Еден труп од одрана лисица беспомошно лежеше во калта. Реата на распаѓање се чувствуваше наоколу.
Во една тајна истрага, во една фарма за одгледување крзно, на североисток на земјата, фатен е фармер како илегално убива нерци со вбризгување на инсектицид инекции во срцето. Оваа сурова метода на убивање предизвикува грчење кај животните во неподнослива болка дури и по десетина минути, по што умираат. "

ТЕРОР ВО ДИВИНА

Животните како што се ракуните или лисиците, кои ќе бидат фатени во забестите челични стапици - најзастапениот вид стапици -  претрпуваат страотни болки од челичните забала стегнати околу нивните ноsе, шепи, или тело. Некои животни, особено мајките кои очајно сакаат да се вратат кај своите младенчиња, ќе сторат се за да се ослободат, па дури и ќе си ја изгризат сопствената нога за да се ослободат. Животните патат со саати, некои и со денови, пред да дојдат ловците по нив, да им ги распорат стомаците, или скршат вратовите.

Животните заловени во стапици патат од губиток на крв, инфекција, гангрена, исцрпеност, премрзнатост, шок или напад од некој животински предатор. Од други пак животни, како што се дабарите или бизамските стаорци, заловени со подводни стапици, некој се мачат да се ослободат и повеќе од 20 минути, пред да се удават. Секој ден таквите стапици осакатуваат или убиваат илјадници кучиња, мачки, птици и останати животни - вклучувајќи ги и загрозените видови - кои по грешка станале плен.