Печати
НАЈДОВТЕ НАПУШТЕНО ЖИВОТНИ, ШТО СЕГА?

pets22Анима Мунди нема азил, ниту транзит центар за згрижување на бездомните животни, затоа ве молиме не очекувајте дека може да го превземеме животното за кое ни се обраќате. Но она што може да го сториме е да ви помогнеме во негово огласување, барање на привремено згрижување и стален дом. На таков начин, во соработка со хумани граѓани, имаме интервенирано и спасено многу животни. Значи заедно со вас, ќе се обидеме да му помогнеме.

Доколку е животното повредено, ќе ви обезбедиме попусти за ветеринарните услуги за негов третман - во итни случаи кога не сте во можност да го подмирите ветеринарното лекување, ќе се обидеме тоа да го сториме ние. До сега ниту едно повредено животно за кое е побарана помош, не сме го оставиле без соодветна ветеринарна интервенција, без да се обидеме да се спаси. Бидејќи повредени животни има на секој чекор, финансиски донации, како и донации во медицински материјал кој потоа би го распоредиле по ветеринарните амбуланти со кои соработуваме, ни се повеќе од добредојдени. Доколку сте во можност и сакате на тој начин да не поддржите, можете да се информирате тука и да помогнете - сите добиени средства на нашата жиро сметка се искористуваат исклучиво за помош на животните, а нашиот ангажман е во целост волонтерски.