Состојки:
Ананас,
3-4 банани,
150 г басмати ориз,
малку кафејав шеќер,
¾ млеко од ориз
Подготовка:
За овој пудинг се препорачува свеж ананас, но може и да употребите ананас од конзерва.
Сварете сутлиаш со ¾ оризово млеко и кафејав шеќер. Додадете малку стругана кора од лимун. Бананите исецкајте ги на парчиња, па додадете ги на оризот и помешајте. Добиената смеса ставете ја во посуди и украсете ги со парчиња ананас, а прелејте ја со остатокот од сок од ананас. Пудингот послужете го ладен - може да изрендате малку црно чоколадо и посипете одозгора.