Регистрација
TruthAbout-Header
PDF
Печати
Е-пошта
ВИВИСЕКЦИЈА ВРЗ ЖИВОТНИТЕ

10 причини за жестоко да се спротиставите на вивисекцијата



vivisection191.) ВИВИСЕКЦИЈАТА Е НАЈСУРОВАТА ФОРМА НА НАСИЛСТВО ВРЗ НЕВИНИ СУШТЕСТВА, што не можат да се  спротистават на она што им се случува.

 
Ниедно животно не сака да биде маченик, секое животно сака да биде на слобода. И тие ја ценат сопствената слобода исто колку што и ние, луѓето, ја цениме нашата!

2) Практикувањето на овој суров, тирански и непотребен чин е одраз на (не) моралот и (не) стабилноста на личноста на оние што го изведуваат, но и на оние што го подржуваат овој третман на животните.

 

3) Вивисекторите се држат до ставот дека е оправдано да се ослепуваат, осакатуваат, трујат и убиваат невини суштества,во интерес на науката, економијата и напредокот на медицината.

Ние, се разбира на секој можен начин и со сите сили се спротиставуваме на ваквите тврдења и искрено се залагаме за алтернативи. 

 

4) Ако се даде зелено светло за вивисекцијата, луѓето што ќе треба да го извршуваат овој одвратен и безмилосен чин стануваат отпорни на сочуство, се претвораат во  "луѓе" што ни во контакт со своите пријатели и блиски повеќе не се способни да се  однесуваат со почит или да имаа обзир кон нивните чувства. Таквите луѓе  стануваат потенцијални престапници, односно, опасност за општеството и во голема мера  придонесуваат за драстичниот пад на моралот во нашата цивилизација во последниве години


vivisection_dogs

 

5)  Повеќе од јасно е дека вивисекцијата од корен ја уништува врската меѓу човекот и  животните на тој начин што без трошка милост и сочуство се  дозволува насилство врз нив, злоупотребување и уништување на суштества послаби од нас, но и искористување на нивните живеалишта за финансиска корист.
   

6) Оние што ја оправдуваат вивисекцијата се луѓе на кои им се помешани поимите - добро и лошо, луѓе што немаат основни морални вредности.

Луѓе што си дозволуваат грст корумпирани политичари и несовесни научници слаткоречиво да им ја претстават "добрата страна" на насилството кон суштествата од "понизок" рeд и тоа главно заради финансиска корист или "откривање нов лек", дури и по цена на  неиздржлива болка, огромен страв и неизмерно страдање на овие кутри суштества.

 

7) Ако и државата застане позади овој грозоморен чин, тоа ќе обезбеди плодна почва за секојдневно нанесување неправди на секое поле и без никакви причини, како што на пример биле нацистичките експерименти врз евреите во концентрационите логори (Аушвиц, Дахау, Захсенхаузен), убивањето и речиси истребувањето на Индијанците во Америка, егзодусот на македонците од Северна Грција итн. Јасно ви е дека вивисекцијата е рамо до рамо со овие ужасни дела, што човекот ги извршил врз суштества од својот ред, нели?

 

image_2_233 

Што чувствувате вие кога изгледате вака?


Што мислите дека чувствува овој мајмун?

 


8) Експерименти врз луѓе или животни што не стапиле доброволно во таков однос е
прекршување на сите норми и правила, на светите закони, на големите животни
принципи што човекот успеал да ги осознае во текот на изминатите милениуми-
ЉУБОВ, МИЛОСТ, МИР, СОЧУВСТВО И ДОБРИНА. Во ниедна религија на
светот, во ниеден запис не се одобрува ваквото насилство, злобата и
неправедноста кон суштествата рамни на нас, а камоли кон оние
послабите!
 

9) За жал добар дел од луѓето се уште се залагаат за ваков ѕверски третман врз
животните. Некаде се ште важи максимата "Подобро ти да настрадаш отколку јас."
На што сите ни го попречува патот до таа прекрасна и многу потребна 
промена во нашите животи која на сите ќе ни биде од корист. Оваа
дивјачка и брутална практика треба еднаш засекогаш да ја оставиме зад
нас. Ние припаѓаме на нова ера! Технологијата оди напред, зошто ние да
заостануваме зад неа?!

monkey-vivisection

10) Ако ја поддржите вивсекцијата
треба да знаете и дека
поддржувате распад на  
човештвото, го туркате во амбис
со тоа што го подржувате и
одобрувате ѕверства од најнизок
вид!
Да покажеме дека сме
праведни, паметни и силни да се
соочиме со злото наденешницата!

Да не дозволиме да не проголтаат злото, неморалот и подлоста.  

Да покажеме дека сме еволуирале со добра причина, а не дека сме залудно потрошен материјал.

 

Е.С.Е.А.Е. members&observers

409934_370ArzteGeganTierversuche

prijatelji_zivotinja_logogaia_logo

animalanimalia

buav-logoviva_poland

feniks-serbialscv-switerland

addadjurens

dyrevernedev

forsoiavs

IBT_57x57LAV

menschenonevoice

svobodaanimamundi

bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb