Регистрација
krzno_baner_nov
PDF
Печати
Е-пошта
КРЗНОТО НЕ Е ЕКОЛОШКИ ПРИФАТЛИВО

Стигнавме до таму да производителите на крзно започнат да ги убедуваат купувачите дека е крзното еколошки прифатливо. Но тоа е многу далеку од вистина. Крзната се преполни со хемикалии кои служат да го задржат крзното во состојба на нераспаѓање во плакарите на купувачите, а индустријата за производство на крзно ја загадува околината и ги голта вредните извори. И немојте да заборавите: за разлика од вештачкото крзно, "вистинската работа" предизвикува измачување и патење на милиони животни секоја година.

Знаете ли дека е потребно 60 пати повеќе енергија за производство на крзнените капути од животни кои се одгледуваат за таа намена, отколку за производство на вештачко крзно? А тоа е само почеток.

Освен што на тие фарми животните го минуваат целиот свој живот во тесни, валкани кафези, во константно движење напред - назад поради огромниот стрес и досада, отпадот, произведен на фармите за крзно ги загадува пловните водни канали. На пример, во 1999, Секторот за екологија од Вашингтон казни еден одгледувач на куни со глоба 24 000 USD поради загадување на каналите кои се слевале во локална мала река.
Многубројни служби за заштита на околината покренувале тужби против компании кои се влкучени во производство и транспорт на крзно, поради илегалното натрупување и складирањето отпад од преработка на крзното. Неправилното ракување со отпадот може да води до контаминирање на водите. Крзнарската индустрија лобира дури во некои влади за да задржат ниски стандарди на квалитетна на вода, за да не се прикажат како најголеми загадувачи на вода фармите за произведување на крзно.
Крзнарите тврдат дека труповите од животните, одрани поради нивното крзно, се користат за храна на животни (иако животните на фармите за крзно се убиваат со вбризгување на отров), но тие најчесто завршуваат фрлени на ѓубриште.

Во Велика Британија фарма за одгледување животни за крзно била обвинета за кршење на Законот за фрлање отпад, откако жител нашол труп на оголена куна на ѓубриште.
И покрај тоа што е штетна, оваа метода на одложување како отпад не е илегална во некои држави.
Хрватска има големо одгледување на чинчили, кои завршуваат на крзнените капути. На пример Chinchilla d.o.o. , во времетраење од само шест месеци, направиле 10.5 тони лешеви од одраните животни. Се поставува прашање на отклонување на таквиот отпад, како и прашање за хемикалиите кои се користат за заштита и преработка на крзното.

 

 

ФАЌАЊЕ ВО СТАПИЦИ И  "ЖИВОТИНСКО ЃУБРЕ" ВО ДИВИНА

Речиси 30% од продаденото крзно во САД, доаѓа од животните заловени во дивина. Кој запре за миг и размисли на брзина за стапиците, ќе свати дека тие не се пробирливи: тие го заловуваат секое животно кое ја има таа несреќа да стапне на неа. Секоја година стотици илјади кучиња, мачки, птици и други животни - вклучувајќи ги и загрозените видови,  "случајно" се осакатуваат, или убиваат во стапиците. Ловџиите ги нарекуваат тие животни "мртво ѓубре", зошто немаат економска вредност и поголемиот дел од нив се фрлаат како отпад. Оние животни кои ги преживеат стапиците и потоа бидат пуштени, најчесто потоа умираат во состојба на шок и тешки болки од здобиените повреди.

 

FUR FREE ALIANCE

ffa-logo02

ГОЛА ЗА ЖИВОТНИТЕ

bann001
bann002
bann003

NO FUR - Anima Mundi mix

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb