Регистрација
cirkusi_baner
PDF
Печати
Е-пошта
СВИРЕПОСТА КАКО "УБАВА" УМЕТНОСТ

cirkus_2_flaerДали некогаш сте размислувале што се крие зад илјадниците светла на големиот циркус што последен гостуваше во вашиот град и ве воодушеви со настапите на лавовите, тигрите, жирафите, слоновите, мајмуните? Дали сте се запрашле на кој начин тие истите циркуски ѕвезди преминуваат илјадници километри како би ги измамиле вашите насмевки и аплаузи, и како спрема нив се однесуваат дресерите и хранителите?

Дали некогаш сте се запрашале како е возможно "да научиш" див лав или тигар, навикнат на слобода на џунглата, да седи како бубачка мирно на столче и да по наредба прерипува низ запален обрач? ( Притоа, животните не можат да го контролираат огнот и сигурно се плашат од него повеќе отколку ние). Или, како се постигнува мечките да балансираат одејќи високо над земјата, по жица? Или, коњите да одат на задните нозе? Накратко, како се приморуваат животните да прават нешта што се неприродни за нив, за кои тие никогаш нема да разберат зошто би требало да ги изведуваат? Како да му се објасни на диво животно кое не го разбира нашиот јазик дека од него се бара да седи мирно на столица и имитира однесување на човек?

За оние кое го запознале светот на циркуските животни одвнатре, во огромен број на случаи одговорот е: со страв, терор, тортури и мачење.
Животните во циркусите патат, и нивниот живот е мизерен. Живот полн со мачни и агресивни дресури, напорни патувања во тесни кафези, напорни представи кои тие ниту ги сакаат ниту ги заслужуваат, од град до град, па повторно во кафез, се додека не подиват или не се разболат. А сето тоа за ние да се забавуваме и да би се насмееме на нивното патење.

Не заборавете - животните во циркусот не се таму по своја волја. И дека циркусите можат да бидат подеднакво забавни и без патењето на животните.

 

" Згрозен од тоа што се случува во заднината на блескавите претстави со дресирани животни, Џек Лондон ја напишал книгата "Мајкл, братот на Џери", во која се разоткрива сета суровост и ужас на дресирањето на животните. Во предговорот на книгата Лондон вели:
" Многу рано во својот живот, можеби поради незаситената љубопитност, која ми беше вродена, почнав да ги мразам представите со дресираните животни. Мојата љубопитност ми го расипа тој вид на забава, бидејќи ме мамеше да ѕирнам позади параваните, не би ли дознал, како се изведува претстава. А она што го открив позади тие блескави изведби и позади тоа племенито прикажување, не беше воопшто убаво. Беше тоа сурова околина, така ужасна, па сигурен сум дека нема нормално дете, кое би можело било кога да ужива во тоа, да гледа било која представа со дресирани животни, кога би го знаеле тоа.

" Не сум јас ниту нежен ниту осетлив....напомнувам дека навистина сум минал низ суровото училиште на животот и сум видел повеќе нечовечност и суровост отколку било кој просечен човек, почнувајќи од затвори, разбојнички дувла и пустини, губилишта и болници со болни од разни чуми, па се до бојни полиња и војни болници. Сум видел страшни умирања и сакатења. Сум видел како бесат лудаци, бидејќи такви какви што се неможеле да си платат адвокат.

Сум видел камени срца и сила на силни луѓе, а сум видел и други луѓе,  кои злоставувањето ги натерало на вечно и диво лудило. Сум присуствувал на умирање на стари и млади, па дури и на деца, кои умирале од глад. Сум гледал како тепаат мажи и жени со камшици, токмаци и стапови, сум видел камшици од кожа од носорог како се обвиваат околу голите тела на црни момчиња, толку жестоко што секој удар ја дереше кожата, насекаде каде ќе зафатеше камшикот.


А сепак, дозволете, на крајот да додадам: никогаш не сум бил така престрашен и ужаснат пред човечката суровост, како што бев престрашен и ужаснат седејќи помеѓу среќните насмеани и воодушевени гледачи, кога на сцената се изведуваа точките со дресирани животни."

" Тој што има добар желудник и тврда глава, може да поднесе многу несвесна и непромислена суровост и мачење од светот, кој се прави од брзоплетост и глупост.


Јас имам таков желудник и таква глава.

Но ладнокрвна, свесно промислена суровост и мачење, кое очигледно се крие зад 99 од 100 претстави со дресирани животни, ми го мати мозокот и стега грлото. Суровоста како убава уметност го достигнала својот врв во светот на дресираните животни". 

 


 

ПОТПИШИ ПЕТИЦИЈА

cirkus1
cirkus_de_sole
bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb