Регистрација
zivejte_socustvitelno
PDF
Печати
Е-пошта
КОРЕНИ НА САДИЗМОТ

Не бил секој убиец во своето детство злоставувач на животни, но многумина злоставувачи на животни станале потоа масовни/сериски убијци.
За тоа сведочат психолошките профили на некои од најозлогласените убијци, од кои ќе наведеме само неколку:

Peter Kurten, "вампирот од Дизелдорф" (во триесетите години на минатиот век, сторил најмалку 9 убиства), како дете измачувал кучиња и колел лебеди од блиското езеро, за да ја пие нивната крв,

Cayetano Santos Godino, аргентински пироман и сериски убиец од 40-тите години на минатиот век,  како дете измачувал и убивал животни,


Patrick Mackay од Англија, убиец од 50-тите години на дваесетиот век, во детството измачувал и убивал животни,

Американецот  Herb Baumeister, (убивал од 1980-1996), не се знае точната бројка на жртви, но биле најмалку 11 лица ...Како момче убивал животни.

Briley Brothers (од 80-тите години на минатиот век) - убиец и измачувач на животни,

David Carpenter, осуден за 5 убиства (но се смета дека биле 9), киднапер, силувач и крадец - во детството мачел и убивал животни,

Richard Chase, убиец познат како "Вампирот од Сакраменто", во детството мачел и убивал животни.

Jeffrey Dahmer, садист, силувач, некрофил и канибал ; број на жртви - 17. Во детството играл со делови од тела на мртви животни.

 

Dennis Rader, убиец на 10 луѓе - во детството мачител на животни,

Henry Lee Lucas, убиец  3 - 60  луѓе (колку што признал), во детството мачел и убивал животни.

Сериски  убица и канибал Jeffrey Dahmer набивал на колец глави од кучиња и мачки.

"FBI откри дека историјата на суровост кон животните е една од карактеристиките која редовно се јавува во компјутерските досиеја на сериските силувачи и убијци, додека стандардниот прирачник за дијагностицирање и лекување на психички и емотивни нарушувања ја наведува суровоста кон животните како дијагностички критериум за растројства во однесувањето. Истражувањето врз психијатриски пациенти кои постојано мачеле кучиња и мачки покажа дека сите тие имале високо ниво на агресија и кон луѓе, вклучувајќи еден пациент кој извршил убиство на младо момче." Роберт К. Реслер (Robert K. Ressler), агент во единицата за проучување на однесувањето на Федералното биро за истраги, ги проучуваше сериските убијци и забележа: "Ваквите убијци (Џефри Дахмер) многу често започнуваат со убивање и мачење на животни во детството."
Суровоста кон животните е една од трите компоненти на тријадата на Мекдоналд (Mcdonald), показатели на антисоцијално однесување кај деца и адолесценти. Според студиите на кои се темели овој модел, суровоста кон животните е често (но не во сите случаи) однесување кај деца и адолесценти кои ќе станат сериски убијци или насилници во иднина.
Откриено е и дека суровоста кон животни кај децата најчесто се врши од деца кои самите биле сведоци или жртви на злоупотреба. Во две одделни студии наведени од страна на организацијата за заштита на животни Humane Society на Соединетите Држави, приближно една третина од семејствата кои страдаат од домашно насилство навеле дека барем едно од нивните деца има повредено или убиено животно.

 
rasizm-specizm
172039_159513170767123_137370736314700_338203_4315127_o
kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb