Македонија е деветиот круг од пеколот за животните! Среде бел ден во Скопје е заклано куче, мирниот и сакан Идриз, крвнички удиран со секира и шипки додека спиел, убиен пред очи на педесетина граѓани.
Не дозволуваме да монструмот Симо Христовски (Липски) помине со олеснителни мерки и бараме да скапе во затвор! Инсистираме Обвинителството да прифати кривична пријава и сторителот да одговара по повеќе кривични основи – мачење животни, предизвикување јавна опасност, како и законот за заштита и благосостојба на животни.
Симо Липски е ликот на секој еден кој во оваа држава се изживува, коле, беси, труе животно. А Идриз е секое друго животно, секое друго несреќно битие оставено само на себе да страда и умира во пеколни маки, душа која не успеавме да го спасиме.
СИЛНО ГУШНЕТЕ ГО ВАШИОТ МИЛЕНИК, НАПИШЕТЕ ПОРАКА И ИСПРАТЕТЕ НИ ВАША ЗАЕДНИЧКА ФОТОГРАФИЈА ЗА ДА ЈА ОБЈАВИМЕ И ДА ЈА ВИДАТ СИТЕ! Постирајте ја под овој апел или пратете ни ја на нашата ФБ страница, или на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
тековно ќе ги објавуваме во наменски албум.
За Идриз во Идризово!
За убиство да ти се суди, бараме најстрога казна затвор!
Правда за Идриз и Полиција за животни во Македонија!
Секое животно е Идриз, правда за животните!
За монструмите како Симо Христовски казна затвор!
Ќе те следи сенката на Идриз - за монструми како тебе најстрога казна затвор!
Гледај не од небото Идриз <3