Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ И БАРАЊА ДО КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

Анима Мунди заедно со Animal’s voice - Велес, Анималиа - Охрид, Animal world - Струга, Angelcats sanctuary - Скопје, Втора шанса - Кочани, ЕДЕН - Скопје, Мали херои - Битола, Аними реино - Кавадарци, Cat shelter meow paws - Скопје, Срце за животните Тиквеш - Кавадарци, Спаси живот - Штип,

се обраќа јавно и ги упатува наведените БАРАЊА ДО КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРЕTСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ :



Засегнати од стратегиите, ставот и Програмите со кои идните градоначалници ќе ги третираат животните, Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ се обраќа до кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори и БАРА ОД НИВ ЈАВНО да се произнесат во однос на долу наведените барања.
Овие барања се од клучна важност за нас и секој одговор на овие барања ќе го споделиме со љубителите на животни и широката македонска јавност. 
Анима Мунди нуди поддршка и соработка на сите оние кои хуманоста ја сметаат за стандард кон кој секоја општина треба да стреми; кои ќе се заложат за заштита на животните, а суровоста над нив ќе ја осудат и санкционираат, без искучок.

 


Во тој контекст, како здружение, а во име на сите хумани граѓани, активисти, љубители на животните, БАРАМЕ:

1. За решавање на проблемот со прекумерната бројност на бездомните кучиња, општината, односно кандидатот за градоначалник на секоја партија, ќе се обврзе да применува исклучиво стратегијата на масовна стерилизација (во светот позната како „залови – стерилизирај – врати“) како и бесплатна вакцинација, бесплатно микрочипирање.

2. Во спроведувањето на програмата ја сметаме за нужна соработка со сите здруженија за заштита на животните. Бараме градоначалниците јавно да се обврзат дека ќе овозможат учество на здруженијата ВО РАКОВОДЕЊЕТО на стационарите, со што ќе се гарантира хуманоста кон животните, максимална транспарентност и доследност во спроведувањето на Програмата

3. Во недостиг на соодветна инфраструктура усогласена со стандардите Правилникот за создавање на транзитен центар, или профатилиште бараме примена на алтернатива – ваучер систем за бесплатна стерилизација во домен на одредена општина или регион. Тоа би подразбирало ангажирање на сите ветеринарни станици на ниво на локалната самоуправа или пошироко и дистрибуција на одреден број ваучери за стерилизација во сите ветеринарни станици, за вршење на бесплатни оперативни интервенции. Трошоците за интервенцијата, престојот на животните е на товар на единицата на локална самоуправа. Ваквиот тип на практика, по пат на ваучери за стерилизација е најбрз и најлесен за имплементација – отколку да се чека на изградба на соодветен транзитен центар, азил или прифатилиште

4. Ургентно востановување на Забрана за за движење на влечни коли со коњи во урбани средини во рамки на Одлуки за комунален ред на ЕЛС со што ќе се оневозможи злоупотребата на коњите на територијата на општината и обезбеди поголема безбедност на граѓаните во сообраќајот!

5. Општината да промовира хуманост кон животните и одговорно сопствеништво преку едукација, позитивни кампањи , субвенционирање бесплатна стерилизација на миленици, а во соработка со здруженијата за заштита на животи и засегнатите граѓани.

6. Создавање/примена на механизми за санкција на насилството врз животните, пред се масовните труења на животни ; едукација/механизми за превенција во насока на сузбивање на истите.

7. Паркови за љубителите на животни и нивните миленици во секое маало!

***
Од кандидатите очекуваме да се обврзат дека посочените барања ќе ги имплементираат во разумен временски рок, т.е. во првата година од доделениот мандат.

 
bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb