До Градоначалник на Град Скопје, г-дин Коце Трајановски и македонската јавност
Почитувани,
Од доверлив извор знаеме дека Вардариште започнува со масовно заловување и убивање на бездомните кучиња во центарот на Скопје во пресрет на фудбалскиот меч од Суперкупот на УЕФА кој ќе се одигра на 8. Август во Арената Филип Втори.
Одбројуваме денови до Д фестивал, нашиот омилен фестивал кој никако не го пропуштаме! И оваа година тимот на Анима Мунди ве очекува на зелениот, веган штанд.
Информираме дека врз основ на Пријава која ја поднесовме во Агенцијата за храна и ветеринарство против лицето Симо Липски Христовски за мачење и свирепо убиство на кучето Идриз – мирно бездомно куче кое монструмот со секира го закла среде бел ден – е констатирано најгрубо кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните.
Започнуваме кампања за хуманост кон животните и најстрого санкционирање на мачењето и убивањето животни - кампања која ја започнуваме со светски познатата виолинистка Ванеса Меј, новинарките Јорданка Ивановска - Јоци, Мери Јордановска; актерката Ирена Ристиќ и граѓани активисти кои веќе месец дена бараат правда за брутално убиеното (заклано среде бел ден) куче Идриз. Ве замолуваме за Ваша поддршка.
Македонија е деветиот круг од пеколот за животните! Среде бел ден во Скопје е заклано куче, мирниот и сакан Идриз, крвнички удиран со секира и шипки додека спиел, убиен пред очи на педесетина граѓани.
Не дозволуваме да монструмот Симо Христовски (Липски) помине со олеснителни мерки и бараме да скапе во затвор! Инсистираме Обвинителството да прифати кривична пријава и сторителот да одговара по повеќе кривични основи – мачење животни, предизвикување јавна опасност, како и законот за заштита и благосостојба на животни.
Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"
Телефон: 077 487 253
E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com
Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје