Регистрација
РЕАКЦИИ
PDF
Печати
Е-пошта
ИНИЦИЈАТИВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА НЕЕТИЧКАТА, НЕЕФИКАСНА И ЗЛОУПОТРЕБЛИВА МЕРКА ЗА ЕУТАНАЗИЈА НА КУЧИЊА СО ЛАЈШМАНИОЗА

Во Македонија може подобро, и животните заслужуваат правда:

ИНИЦИЈАТИВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА НЕЕТИЧКАТА, НЕЕФИКАСНА И ЗЛОУПОТРЕБЛИВА МЕРКА ЗА ЕУТАНАЗИЈА НА КУЧИЊА СО ЛАЈШМАНИОЗА

До: Агенцијата за храна и ветеринарство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Македонската јавност

 
PDF
Печати
Е-пошта
ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2025

JАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2025

Во пресрет на локалните избори, прашањето за благосостојбата на животните мора конечно да излезе од маргините и да стане централно прашање од јавен интерес. Ова не е тема за фусноти, туку тест за институционална зрелост, правна доследност и етичка ориентација. Односот кон животните не е ограничен само на миленици – тој открива дали општеството е хумано или рамнодушно, дали владеат вредности или владее безредие и насилство.

Состојбата во Македонија останува алармантна: нефункционални стационари, еутаназија како „решение“, борби со кучиња, труења, игнорирање на страдањата на прекубројната популација на улични мачки, злоупотреба на коњи во сообраќајот и предизвикување општа опасност, диви животни третирани како изложбени експонати, тотален хаос со нерегулираното сопствеништво на миленици, нетранспарентно трошење јавни пари, слаби инспекциски механизми и нула одговорност. Граѓаните се оставени сами на себе. Теренот го покриваат активисти и организации кои ја завршуваат работата што државата ја избегнува. Зошто? Затоа што без системски решенија и без дејствување врз причинителот, промени не можат да се очекуваат. Одговорноста е кај институциите, вклучително и кај локалната самоуправа.

Затоа, до секој кандидат поставуваме едно прашање: ЌЕ ПРЕЗЕМЕТЕ ЛИ ОДГОВОРНОСТ – ИЛИ ЌЕ ОСТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ПРОБЛЕМОТ?

 
PDF
Печати
Е-пошта
Болести и смрт сее Вардариште

Природната селекција на Петре Шилегов се вика парвовироза/штенечак а Вардариште е дувло на овие вируси!

Не Петре. Не умираат од природна селекција. Умираат од вашето неработење и вртење на вистината. Малите кучиња ги убивате, осудувате на бавна смрт со нивното носење таму. И не е незнаење затоа што сто пати кажавме, туку така очигледно одговара – ги нема во евиденција, не се трошат пари за да се убијат, умираат сами во гушење, неописиви болки, органите, утробата им се распаѓа. Невидливи, заборавени од сите... Овие гревови беа заловени со нивната мајка, беа здрави, весели, игриви.

 
PDF
Печати
Е-пошта
ЈАВНА РЕАКЦИЈА: Итно да запре хајката на веќе стерилизирани кучиња

Почитувани,

По неколкудневното препукување на партиите за тоа кој е виновен за алармантната состојба со бездомните животни во градот при што само се креваат тензиите, но решение изостанува како по навика; се обраќаме до македонската јавност и надлежните институции бараме ургентно да се запре хајката врз бездомните кучиња кои деновиве масовно се ловат а се веќе стерилизирани и прифати нашата помош , знаење втемелено на соработката со најсилните меѓународни здруженија за заштита на животните и проценките на најефикасните светски искуства, која би значела воспоставување на контрола и постапно надминување на проблемот со бездомните кучиња што е во сечиј интерес.

 

 
PDF
Печати
Е-пошта
Пари првично наменети за Вардариште, пренаменети во Предлог изменувањето на буџетот на Град Скопје – ЈАВНА РЕАКЦИЈА

Си игра ли Град Скопје со довербата на активистите за права на животните, како и довербата на секој граѓанин кој очекува проблемот со бездомните животни да биде ставен под контрола и конечно решен?! Дали се измама и лажни ветувања сите обврзувања за целосна реорганизација на стационар Вардариште, хуман третман на животните и инволвирањето на здруженијата за заштита на животни во неговото работење за да се надмине проблемот кој тековно само се продлабочи - за што во повеќе наврати доставивме конкретни предлози, укажувања и барање да се официјализира присуството на Анима Мунди како дел од управувачкиот тим на стационарот, но не добивме конкретен одговор?

 

 
PDF
Печати
Е-пошта
Град Прилеп итно да запре со кревањето паника од лајшманиоза и итно да го отповика убивањето на кучиња!

Почитувани,
Се обраќаме до градоначалникот, советот и надлежните служби на општина Прилеп, како и до директорот на Агенција за храна и ветеринарство, итно да се запре со кревањето паника и страв во однос на бездомните кучиња во Прилеп, како и информациите за епидемија од лајшманиоза во општината и најавите за убивање на бездомните кучиња во градот.

 

 

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb