Нека не ве залажувааат термините хумано, модернизирано, европски стандардизирано одгледување на животни.
Се помалку крави по зелените ливади, се помалку прасиња и кокошки кои весело трчкаат по дворовите на домаќинските куќи - денес "фармските " животни преживуваат животни на зомби.
Паралелниот свет на ужас кој се случува на сите модерни фарми, на кои се огледуваат животни за секакви можни намени и задоволување на сите наши конзументски потреби, како никогаш до сега се експолатирани и злоставувани.
Телињата веднаш се двојат од своите мајки, се сместуваат во тесни кафези, форсирано се хранат со течна храна, со недостиг на железо. Прасиците се наоѓаат и пред и по опрасувањето во тесни, метални боксови. Кокошките несилки се држат пет по број, на простор помал од простлан весник, каде железните прачки на кои стојат им предизвикуваат болни рани на нозете и прстите, а од депресивната состојба ги кубат своите пердуви и крилја.
Гуските се држат во кафези каде со хидраулична пумпа им се вбризгува и до пола килограм храна (за неколку секунди) директно во стомакот, што предизвикува срцеви и бубрежни заболувања и до дваесет пати повисока стапка на смртност, отколку во природни услови на живот.
Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"
Телефон: 077 487 253
E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com
Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје