Како резултат на бројни кампањи и едукација на населението, на циркусите чии претстави вклучуваат и животни забрането им е да настапуваат во многу земји:
Велика Британија
Над 200 општински власти во Велика Британија забраниле настапи на циркуси на почва кое е јавна сопственост, иако некои совети одлучиле да дозволат одржување на претстави на оние циркуси кои имаат само " домашни" животни.
Неколку примери:
•На циркусите не им е дозволено да настапуваат во подрачје на Windsor, Maidenhead и Reading, како и Mansfield, Elmbridge, Inverness, Chester и Lancing,
•Советот на Sefton одлучил забрана за циркус 1990 г., и покрај бројните притисоци на циркуското лоби,
•На циркусот Robert Bros му е забранет настап во Stockton, Cleveland. Од 54 советници, 51 советник ја поддржал забраната.
Дали некогаш сте размислувале што се крие зад илјадниците светла на големиот циркус што последен гостуваше во вашиот град и ве воодушеви со настапите на лавовите, тигрите, жирафите, слоновите, мајмуните? Дали сте се запрашле на кој начин тие истите циркуски ѕвезди преминуваат илјадници километри како би ги измамиле вашите насмевки и аплаузи, и како спрема нив се однесуваат дресерите и хранителите?
БОЈКОТ ЗА ЦИРКУСИТЕ СО ЖИВОТНИ!
1. Животните во циркуси поминуваат околу 11 месеци во патување - заробени и оковани, изложени на екстремни температури, во услови на континуирана тортура. Од самиот транспорт, до начините на нивна дресура, секој миг за нив претставува вистинско мачење.
2. Стандардните методи и техники кои се практикуваат за изведување на нивните бесмислени точки соддржат во себе насилство, сакатење, лишување од храна, дрогирање, хируршко отстранување или онеспособување на нивните канџи и заби. Алатки за тренирање на животните: камшици, електрични и безбол палки, ланци, окови, плеада на сечива и сл...Точките кои животните ги презентираат пред јавноста се нешто што своеволно никогаш не би го направиле. Го прават тоа зошто мораат, плашејќи се од казна.
КАКО ЦИРКУСИТЕ ТРЕНИРААТ ЖИВОТНИ?
Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"
Телефон: 077 487 253
E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com
Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје