Регистрација
САЛАТИ
PDF
Печати
Е-пошта
САЛАТА ОД КИНОА И БАДЕМИ

kinoa

Киноа е богата со протеини, ги соддржи сите девет есенцијални аминокиселини, што ја прави одличен избор за вегани. Содржи и лизин, аминокиселина која е важна за раст и обнова на клетките. Покрај тоа, богата е со манган, магнезиум, железо, бакар, фосфор, како и витамините Б и Е, па се препорачува на лица кои патат од мигрена, дијабетес, атеросклероза. Не соддржи глутен, така што слободно може да ја конзумираат лица кои патат од целијакија. Постојат два вида, црвена и бела киноа.

 

Потребно е (за 2 лица):

 

¼ филџан сецкани бадеми,

½ филџан киноа,

4 лажици маслиново масло

1 жолта пиперка, сецкана на стапчиња,

2 чешниња лук (ситно сецкан),

2 власци, ситно сецкани,

1/8 лажичка мелен црвен пипер,

1 лажичка ситно сецкани свежи листови мајчина душица + дополнителни листови за украс

¼ лажичка морска сол,

1 тиквичка (средно голема), исецкана на коцки,

1 лимун

 

Подготовка:

Загрејте ја релната на 200 степени. Испечете го бадемот (одприлика 7 минути), извадете го од релната и оставете да се излади. Измијте ја киноата и добро процедете ја.

Загрејте 2 лажички маслиново масло на средна температура, па пропржете ја пиперката, лукот, власецот и мелениот црвен пипер, одприлика 5 минути. Додадете киноа, мајчина душица, 1 филџан вода и ¼ сол.

Оставете да проврие, потоа намалете го огинот и крчкајте ја смесата 7 минути.

Додадете ги тиквичките, преклопете ја смесата и верете уште 5-8 минути.

Тргнете ја од шпорето, додадете го бадемот и останатите 2 лажици маслиново масло, посолете. По желба додадете ситно сецкани ливчиња целер или магдонос. Оставете да се олади, пред да ја ставите целата смеса во фрижидер.

Пред да сервирате, прелејте ја смесата со еден лимун.

Сервирајте со украсени ливчиња мајчина душичка и кришки од лимон (по желба)

 
PDF
Печати
Е-пошта
МЕКСИКАНСКА САЛАТА СО ЈУФКИ

Mexican_Salad

Состојки:

200 г црвен грав

200 г пченка

500 г `ржани јуфки

1 мал виолетов кромид

1 црвена бабура

1 поголем црвен домат

1 покрупна зелена пиперка

 

За прелив:

120 мл маслиново масло

45 мл свежо цеден сок од лимета

3 мл мед

Шарен бибер

Сол по вкус

Коријандер

 

Подготовка:

Гравот се остава преку ноќ да искисне во ладна вода. Наредниот ден водата му се истура, се става нова вода и се вари околу еден час (зрната не треба да омекнат премногу, треба да бидат „ал денте“).

Пченката се вари петнаесетина минути, исто така треба да биде „ал денте“, не преварена. Истовремено со пченката на друга рингла се ставаат јуфките да се варат во посолена вода.
Пиперките, кромидот и доматот се сечкаат на коцки. Сите состојки се ставаат во голема длабока чинија и се мешаат.

Во одделен сад се мешаат сокот од лимета, маслиновото масло, биберот, солта и медот додека не се добие хомогена смеса.

Јуфките се прецедуваат, се ладат и се ставаат во голем сад, врз нив се истураат измешаните пиперки, кромид и домат, се додава преливот и се промешува. По желба се зачинува со коријандер.

 


kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb