Соја шницлите се ставаат во претходно зовриена вода со зачини и два – три листа ловоров лист.
Се варат 15-20 мин. со повремено мешање. Добро се исцедуваат.
Се спрема смеса како за палачинки (малку погуста). Добро исцедените соја шницли се ставаат во смесата, се валкаат во презла и се пржат во вжештено масло.
По пржењето шницлите ставете ги на салфетка за да се исцедат од маслото, а потоа може да ги прелеете со малку соја сос.
Сервирање:
Соја шницлите може да ги јадете со секаков вид салати, пикантно пире компир, или пак рижото - ние ви препорачуваме рижото со бадеми или ореви и печурки. Добар апетит!:)
Сејтан шницли (т.н пченично месо), испржени со додатоци од пикантни зачини и тамари сос.
Брзо дава чувство на заситеност, одличен е и здрав за зимска исхрана. Сејтанот е без холестерол и без адитиви.
Потребно е:
1 лажичка сол,
1 лажичка кромид во прав,
1 лажичка лук во прав,
1 лажичка бибер,
Прашок за пециво,
Чили,
1 ½ филџан брашно,
1 ¼ сенф,
½ филџан вода,
масло за пржење ( ладно цедено маслиново масло)
Сејтан исецкан на парчиња, големина 5 цм (сејтанот може да набавите во продавници за здрава храна),
Подготовка:
Во сад со средна големина измешајте ја солта, кромидот и лукот во прав, брашното и бибер.
Во друг сад измешајте го сенфот со водата. Додадете 1/3 филџан мешавина со брашно и добро измешајте.
Во остатокот од брашното додадете прашок за пециво
Парчињата сејтан натопете ги во мешавината од сенф, потоа секое парче сејтан извалкајте го во мешавината од брашно. Пржете ги парчињата сејтан во тава со масло (на средна топлина), 3-5 минути додека не поруменат. Извадете ги парчињата кога ќе бидат доволно испржени, славете ги на салфет да се исцеди, т.е упие вишокот маслото и сервирајте ги. Сејтанот служете го со ориз, мешан зеленчук,салати, хумус или друго, по ваш избор. Може да ги прелеете парчињата и со малку соја сос.
Добар апетитJ
Потребно (за 4 лица):
100 гр соја шницли
4 лажици масло
120 гр лук
250 гр шампињони
2 лажици Вегета
½ лажиче бибер
½ лажица куркума
½ лажички гумбир во прав
150 – 200 мл вода
50 гр кикирики
1 лажичка скроб Gussnela Dolcela
Подготовка:
1. Подгответе ги соја шницлите.
2. На масло пропржете го лукот заедно со парчињата печурки. Додадете малку Вегета, бибер, куркума, ѓумбир и налејте 50 дл вода. Динстајте го сетто тоа отприлика 5-10 минути.
3. Потоа во тава ставете ги подготвените соја шницли, лупените кикирики, останатата Вегета и скробот, разматен во малку вода. Полејте го со останатата вода и варете уште 1-2 минути.
4. На крај поклопете го садот со парчињата соја и сосот и оставете ги да одстојат десетина минути.
Со ова јадење по желба може да послужите салата.
1 супена лажица масло
1кромид, крупно исечкан
1 голем компир, исечкан на мали парчиња
1црн домат, излупен и исечкан на парчиња
250g шампињони
2-4 супени лажици кари паста (во зависно од вкусот)
150ml сварена супена коцка од зеленчук
400ml млеко од кокос (од конзерва)
Исечкан коријандер
Загрејте го маслото во голема тава, додадете го кромидот и компирот. Покријте, потоа оставете да тивок оган околу 5 минути, додека компирот не омекне. Додадете ги црниот домат и печурките, и пржете уште неколку минути.
Додајте ја кари пастата и убаво измешајте. Додадете ја супената коцка и млекото од кокос. Откако ќе зоврие, гответе на тивок 10 минути, или додека компирот не се зготви убаво. Додадете го коријандерот.
Послужете со ориз или наан леб.
Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"
Телефон: 077 487 253
E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com
Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје