Потребни состојки:
1 кисела зелка
Една главица кромид
едно филџанче ориз
Едно филџанче хелда
3-4 моркова
200 -300 грама соја трошки
Малку мелени ореви (по желба)
3-4 чешни лук
Свежи ливчиња магдонос и целер
Масло и зачини (бибер, ловоров лист, црвен пипер (сладок и лут), сол, вегета
Пола литро сос од патлиџан или пасиран патлиџан
Подготовка:
Измијте ја хелда и оризот и само потопете ги во врела вода, додека ги подготвувате останатите состојки (не е потребно да ги варите),
Во зејтин издинстајте ги кромидот и лукот, ливчињата магдонос и целер, заедно со Вегета,
Во поголема здела изрендајте ги морковите, додајте го процедениот ориз и хељда, издинстаниот кромид, лук, соја трошките, оревите, зачините по вкус и смесата убаво измешајте ја. (Што се однесува на соја трошките најпрактично е користење на т.н. „soy ground meat„ кое е веќе обработено и подготвено за јадење. Доколку немате нешто такво, тогаш соја трошките натопете ги врела вода 10 минути, а потоа убаво процедете ги) ,
Со таа смеса полнете ги подготвените листови зелка, правете сарми и ставете ги во претходно со зејтин намачкана посуда ( од оваа смеса излегуваат некаде 14 поголеми сарми, но можете и да правите поситни) .
Додадете ловоров лист, налејте вода и сосот од патлиџан колку да се прелејат сармите и варете ги одприлика еден час (со повремено додавање на вода, бидејќи најверојатно ќе ви биде потребна) .
Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"
Телефон: 077 487 253
E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com
Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје