Кај нас се почесто може да се најде хумус, специјалитет од блискиот исток кој се прави од наут. И погодете што, хумусот многу лесно може да го направите и сами.
Потопете 250 гр наут (сирови леблебии) во 3 пати поголемо количество вода, да одстојат преку ноќ.
Истурете ја водата во која е потопен наутот, налејте нова вода, така да има 2 пати повеќе вода од набабрените леблебии.
Додадете 2 цм комбу алги (не е задолжително) и варете во експрес лонец 45 минути, или во обичен лонец, отприлика час и половина. Додадете 2 лажици соја сос – тамари (по избор) и варете уште 5 минути.
Процедете ги леблебиите, но водата зачувајте ја. Потоа леблебиите ставете ги во блендер, сомелете ги со малку вода (онаа во која се вареле), 4 лажици маслиново масло, 3 лажици сок од лимун, 4 лажици таан (путер од сусам) и 3 чешниња лук.
Додадете од водата во која се вареле леблебиите, онолку колку е потребно за да се добие фина, густа маса. Хумусот е одличен додаток на соја шницли, плескавици од леќа, или друг зеленчук.
Потребно:
-2 филџана соја (во зрно)
- 20 маслинки
- 4 кисели краставички
- Едно чешне лук
- китка магдонос (по желба)
-сол, бибер
Сојата да се потопи во вода и одстои една вечер. Исцедете ја и варете ја најмалку еден час, т.е. додека не омекне. Сочувајте еден филџан од водата во која сојата се варела.
Во блендер ставете ја варената соја, маслинките, краставиците, лукот, магдоносот, посолете и побиберете по вкус. За време на миксањето доколку е потребно додадете или малку вода (онаа во која сојата се варела), или малку течност од краставиците.
Пријатно јадење;)
Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"
Телефон: 077 487 253
E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com
Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје