АПЕЛ
до сите наши активисти, волонтери, поддржувачи, хумани луѓе кои се грижат за бездомните животни !!!
Со глобална примена на веганска исхрана до 2050 година, ќе се спасат повеќе од осум милиони човечки животи, а емисиите на стакленички гасови ќе се намалат за две третини, се истакнува во истражувањето спроведено од Универзитетот Оксфорд, објавено на 21-ви март, оваа година.
Драги пријатели,
Ви посакуваме среќна и успешна Нова Година, полна љубов и радости, полна хуманост и добри одлуки, одлуки кој ќе го слават животот на сите живи битија, кои ќе спасуваат! Свртете нов лист - станете веган, или барем вегетаријанец, исфрлете го насилството од вашите чинии, шкафови, животи. Борете се за животните со сите сили, секој пат сторете нешто повеќе. Не учествувајте во неправда и не ја премолчувајте никогаш. Бидете движечка сила за позитивна промена, менувајте се себе си, менувајте го светот!
Ви благодариме за сетта поддршка која ни ја пруживте нам оваа година и што со сите сили им помагавте на животните - што спасувавте, вдомувавте, лекувавте; што протестиравте, пишувавте, споделувавте, реагиравте; што дониравте, апелиравте секаде за помош; што промивиравте веганство, вегетаријанство, па пак веганство; што се дружевте забавувавте заедно со нас – ВИЕ СТЕ ОНИЕ КОИ ОД НАС ПРАВАТ АНИМА МУНДИ, ЗАЕДНО СИТЕ НИЕ, ДУШАТА НА СВЕТОТ!
ЗАВЗЕМЕТЕ СТАВ. Неутралноста секогаш му помага на тиранинот, никогаш на жртвата. Молкот го охрабрува мачителот, никогаш оној кој е измачуван"
Ние сме група истомисленици, поединци и не поврзува убедувањето дека животните заслужуваат свои права. Секој од нас, во различни животни контексти сватил дека животните се најобесправените и најискористуваните суштества во историјата на човештвото, континуирани жртви на неправда предизвикана од човечки фактор, воден со безкомпромисната желбата за профит. Тоа се жртви и неправди кои можат да се одбегнат. Затоа се здруживме и заедно се залагаме еднаш за секогаш тие неправди да запрат.
Зошто права за животните?
Во светот има многу проблеми кои треба да се решат, а суровоста врз животните е само еден од нив. Мораме да стремиме да ја намалиме и спречиме несреќата секаде каде што можеме. Помошта на животните не е поважна, ниту помалку важна од помагањето на луѓето. Несреќите и патењето на животните и несреќите, патењето на луѓето се меѓусебно поврзани.
Со векови наназад луѓето ја злоупотребуваат својата надмоќ врз останатите видови но и врз самите себеси: трговија со робови, етничко чистење, геноцид, злоставување на жени и деца, присилно искористување на детски работен труд...денес се чудиме како нешто од набројаното некогаш воопшто можело да се случува и тешки ни се некако за воочување и во сегашноста истите стереотипи, истата обесправеност и насилство, иста злоупотреба на моќ. Некогаш тоа биле "само Индијанци", "само Евреи", денес се тоа "само бездомници", "само хомосексуалци", "само животни".
Животните немаат моќ на говор за да можат сами да се одбранат, затоа сме тука ние, кои сочувствуваме, да зборуваме и во нивно име и да ги браниме нивните права. Демократското општество својот напредок мора да го покажува и во односот кон животните и нивното право на живот, во склад со природата на нивниот вид.
Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"
Телефон: 077 487 253
E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com
Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје