По повод 1-ви октомври -- СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВЕГЕТАРИЈАНСТВО;
2-ри октомври --СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФАРМСКИТЕ ЖИВОТНИ;
и 4-ти октомври --СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЖИВОТНИТЕ,
Здружението за заштита на животните „АНИМА МУНДИ„ предвиде неколку активности - една од нив беше и забавата со дегустација на вегетаријанска и веганска храна, при што беа дистрибуирани и разновидни инфо материјали за бенефитот од безмесната исхрана (од етички, еколошки и здравствен аспект) како и инфо материјали за животните и нивните права:)
16ти октомври е светски анти-McDonald's/анти корпорациски ден. По тој повод, Анархистичкиот фронт поддржани од Анима Мунди организираа настан во Скопје во кој беа вклучени информативни штандови, делење на бесплатна веган и вегетаријанска храна, како и проекција на филм “McLibel“ и трибина “Мултинационалните корпорации и нивното влијание врз луѓето и животната средина„.
Огромна благодарност до Анархистички фронт за поканата да учествуваме, како и на сите кои дојдоа и го поддржаа настанот!
Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"
Телефон: 077 487 253
E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com
Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје